ЕУ и земјите од Западен Балкан заедно ќе набавуваат медицинска опрема


Сите шест партнери на ЕУ од Западен Балкан – Северна Македонија, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово го потврдија своето учество во договорот за заеднички набавки, што се однесува на медицинска и друга опрема за справување со коронавирусот, соопшти денеска еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.

– Заедно се бориме против коронавирусот. Задоволен сум што сите шест партнери од Западен Балкан го потврдија своето учество во Заедничкиот договор за набавка, а четири досега го усвоија предлогот за „зелени линии“ кои ќе го осигураат протокот на храна и лекови, објави Вархеји на Твитер.