ВМРО-ДПМНЕ: Да се укине матурата за оваа година и да се донесат сет мерки за учениците


Фото: Б. Грданоски

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара да се укине матурата за оваа година, а власта да донесе мерки за учениците.

– Електронското учење, односно користењето на мултимедија и интернет за образование на далечина не е новина, но оваа власт повеќе зборува и пишува препораки отколку што спроведува – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сметаат дека МОН ги задолжило наставниците без реално да се согледаат можностите.

– Не смее да се дозволи цела генерација да ја повтори годината, само затоа што некој во владата не седнал и не размислил за начин и методологија како да ја заокружи учебната година – предупредуваат од таму.

Тие предложија низа мерки за кои велат дека веќе се применуваат во современиот свет, а дел се адаптирани на наши услови.

Предлагаме:

1. Одлука со која полагањето на државна матура во сите средни училишта во Република Македонија за оваа учебна година ќе биде укинато. Полагање на матура може да биде организирано само за оние ученици кои имаат потреба од тоа, но таа да се полага во септември;

2. Школската година да заврши на 10-ти јуни;

3. Учениците да се оценат со средна оцена изведена од успехот на учениците во претходното полугодие, условено со завршени домашни задачи во периодот на вонредната состојба.

4. Укинување на законските ограничувања за просечен успех кои се бараат за упис на повисока година во некои средни стручни училишта.