Пациентка која оздраве од корона вирус им заблагодари на медицинските лица


Фото: Б. Грданоски

Една од пациентките која оздраве од корона вирусот е многу благодарна на персоналот во Инфективната корона.

Таа со песна ги поздрави сите кои ѝ помогнале да ја преброди болеста.

„Откако се изборив со корона вирусот и ја напуштив болницата со два негативни теста, се чувствувам како најсреќниот човек на светот. Многу сум среќна што сум конечно дома, бидејќи своеволно отидов директно од авион во болница. Големо благодарам до сите доктори и медицински сестри кои се грижеа за мене и продолжуваат да се грижат за сите останати. Денеска пеам за сите нив и за сите пациенти кои се се уште во болница. Ова е за вас“, напиша таа на Фејсбук.

Министерот за здравство Венко Филипче ја потенцира нејзината свесност, затоа што по пристигнувањето на аеродромот сама се пријавила дека е болна, а за цело време носела маска.

„Голема благодарност и до тебе Михаела! Благодарам што го препознаваш трудот на здравствените работници и што си одговорна кон своите сограѓани.

Михаела беше меѓу првите пациенти заболени од корона вирусот, а денес таа е целосно опоравена. Сама се пријави на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, веднаш по пристигнување на скопскиот аеродром и за време на целото патување носеше заштитна опрема“, напиша Филиче на Фејсбук.