Спасовски: Не можам да разберам како лидерот на опозицијата бара да се земат пари од граѓаните


Идејата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да се земат парите од вториот пензиски фонд и со нив да се надоместат дел од последиците од здравствената и економската криза, за претседателот на Владата Оливер Спасовски е погубна и недозволива.

„Не можам да разберам како може лидер на опозицијата да посегне по лични парични средства. Тоа е луда идеја. Владата не може да посегне по вториот пензиски столб, бидејќи тоа се пари на секој осигуреник лично. Станува збор за лични пари на  515.000 граѓани кои во моментов се во тој столб. Кој има право на пола милион граѓани да им ги одземе парите, што тие ги делат од нивните плати. Тоа е исто како сега да кажете сите коишто имаат штедни влогови во банките државата да донесе одлука и да каже им ги земаме штедните влогови“, оцени Спасовски во интервју за „Економски магазин“ на Алсат-М.