Владата усвои уредба за помош на занаетчии, фризерници, пекари…


Фото: Б. Грданоски

Владата на денешната седница ја усвоила Уредбата за исплата на минимална плата во приватните компании и во неа детално се разработува кои се услови треба да ги исполнат компаниите и каква ќе биде постапката за искористување на оваа мерка, соопшти премиерот Оливер Спасовски на вечерашното гостување на емисијата „Економски магазин“ на телевизијата Алсат-М.

„Има две можности што ја нуди оваа мерка: едната е да се искористи минамална плата по вработен од 14,500 денари, што практично ќе ја субвенционира Владата, или да се искористи мерката  субвенционирање на 50 проценти од придонесите. Овие мерки една со друга се исклучуваат.  Целта на оваа мерка е да им помогнеме на компаниите, но и да им помогнеме на работниците,  како и на најмалите бизниси – занаетчии, фризерници, пекари…“, порача Спасовски.

Тој оценува дека оваа мерка е добро димензионирана, дека има лесен пристап и ги исклучува компаниите кои можат да ја издржат оваа криза.

„Интенцијата е да им помогнеме на најмалите, на најслабите, таму каде што е најпотребно“, додаде Спасовски.