Мицкоски упорен: Може Естонија, а не можеме ние


Како кусогледост го оцени лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одбивањето на Владата да го прифати нивниот предлог кризата поради епидемијата да се решава така што ќе се искористат сретствата од приватниот пензиски фонд кои ќе значат за македонската економија  дополнителни 200 милиони евра.

„Но, тоа не е случај естонскиот премиер и влада, кој ја презема истата мерка којашто ѝ ја предлагав на Владата пред една недела, а тоа е да се искористат парите од вториот пензиски фонд без да се доведат во било каков ризик средствата на осигурениците.

Оваа мерка не беше добра за Заев и Спасовски, но е одлична за естонскиот премиер. Или свесно не сакаат да ги преземат мерките кои се добри затоа што е во прашање суетата, или не се разбираат во економија. Но, што и да е од двеве причини, едно е јасно дека сето ова се удира врз грбот на македонските граѓани. Истата мерка, според Асошиетед прес ќе ја имплементираат и други европски држави“, реагира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ откако предлогот наиде на остри критики од власта.