Од четврток благ пад на температурите


Денес во поголемиот дел од земјава ќе се задржи стабилно и топло време. Само во западните делови попладне ќе има услови за локална појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. Потоа, како што информира УХМР, следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност, слаб до умерен североисточен ветер и благ пад …

Од четврток благ пад на температурите Read More »

Автобусите од јавниот превоз денес ќе сообраќаат по неделен возен ред


Возилата од јавниот превоз денес поради верскиот празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) ќе сообраќаат по неделен возен ред, соопшти ЈСП-Скопје. По делничен возен ред ќе сообраќаат само возилата на приватните превозници, односно линиите 11, 11А, 47А, 55 и 55Б. Дежурни ќе бидат билетарниците кај Транспортен центар со работно време од 7 до 19.30 …

Автобусите од јавниот превоз денес ќе сообраќаат по неделен возен ред Read More »

Средното стручно образование со нови наставни програми и повеќе стручни предмети


Средното стручно образование е врвен приоритет на Министерството за образование и наука (МОН), а со неговото целосно реформирање од аспект на нови наставни програми од почетокот на оваа учебна година ќе биде насочено кон стекнување на вештини на знаење на учениците за профилот за кој се запишани. Ова го порача министерот за образование и наука …

Средното стручно образование со нови наставни програми и повеќе стручни предмети Read More »

Проштална средба на Димитров со амбасадорката на Република Хрватска, Баришиќ


Министерот за надворешни работи, Никола Димитров вчера оствари проштална средба со амбасадорката на Република Хрватска во Република Северна Македонија, Даниела Баришиќ. –„Благодарани сме на пријателството, ентузијазмот, искреноста и посветениот однос кон нас, истакнал министерот Димитров, посакувајќи и на амбасадорката Баришиќ среќа и успех во следните професионални предизвици.  Истовремено, министерот Димитров се заблагодарил за силната и безрезервна поддршка …

Проштална средба на Димитров со амбасадорката на Република Хрватска, Баришиќ Read More »

Советот на јавни обвинители в четврток ќе ја донесе одлуката за Јанева


Советот на јавни обвинители в четврток ќе ја донесе одлуката за тоа дали ќе ја почне постапката за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева поради нестручно и несовесно работење. Седницата на Советот траеше речиси осум часа, а претседателот на Советот на јавни обвинители Коле Штериев изјави дека тој и останатите членови на Советот успеале …

Советот на јавни обвинители в четврток ќе ја донесе одлуката за Јанева Read More »

Презентирани предлог-проекти за новата програма за намалување на аерозагадувањето за 2020 година


Предлог-проектите за новата програма за намалување на аерозагадувањето за 2020 година ќе бидат систематизирани во четири основни столба: административно – управни, техничко – технолошки, мониторинг и здравствен индикатор, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање. Оттаму информираат дека денеска во Скопје се одржа 12-та седница на Интерресорската работна група за следење на состојбата со …

Презентирани предлог-проекти за новата програма за намалување на аерозагадувањето за 2020 година Read More »

Владата ќе купува простории за сместување на нашата мисија во седиштето на НАТО


Владата на денешната седница го задолжи Министерството за финансии со ребаланс на Буџетот за годинава да обезбеди средства за купување простории во кои ќе биде сместена нашата мисија во новото седиште на НАТО во Брисел. -На редовната 151 седница, Владата на Република Северна Македонија, на предлог на Министерството за надворешни работи, ја разгледа и усвои …

Владата ќе купува простории за сместување на нашата мисија во седиштето на НАТО Read More »

Законот за иднината на СЈО в четврток на седница на собраниската Комисија за европски прашања


Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања Артан Груби за в четврток ја закажа седницата на која ќе се расправа по Предлогот на закон за јавното обвинителство со кој треба да се реши и идниот статус на Специјалното јавно обвинителство, и Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавните обвинители  …

Законот за иднината на СЈО в четврток на седница на собраниската Комисија за европски прашања Read More »

Честитка од Џафери по повод празникот Успение на Света Богородица


Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери денеска упати честитка по повод утрешниот празник Успение на Пресвета Богородица. -Дозволете ми, од свое лично име и од името на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија, Вам лично, на членовите на Светиот Архиерејски Синод, на монаштвото и свештенството, на сите православни верници на Македонската …

Честитка од Џафери по повод празникот Успение на Света Богородица Read More »

Веб апликацијата МојДДВ од денеска достапна на македонски, албански и англиски јазик


Веб апликацијата МојДДВ за увид во износот на поврат на 15 отсто од ДДВ и бришење на фискални сметки што се скенирани по грешка, од денеска е достапна за граѓаните на македонски, албански и англиски јазик, информира Управата за јавни приходи. Од Управата посочуваат дека веб апликацијата МојДДВ може да се преземе на следниот линк, што е …

Веб апликацијата МојДДВ од денеска достапна на македонски, албански и англиски јазик Read More »

Анализи: Текстилните работници сѐ уште со недоволни работнички права


Текстилните работници сѐ уште се со нарушени работнички права. Работат во просечни услови за заштита на здравјето, платите се ниски, има мобинг и немаат многу доверба во инспекторатот и во синдикалното дејствување. Сѐ уште се плашат отворено да говорат за проблемите. Ова е дел од анализата на истражувањето што прилепската невладина организација „Достоинствен работник“ го …

Анализи: Текстилните работници сѐ уште со недоволни работнички права Read More »

Заев ја поздрави иницијативата за формирање регистар на професионални онлајн медиуми


За поздравување е иницијативата на Здружението на новинарите на Македонија, Стопанската комора и Советот за етика во медиумите за формирање регистар на професионални онлајн медиуми со кој ќе и се посочи на јавноста кои портали ги исполнуваат критериумите да бидат медиуми, но и кои се тие кои се придржуваат до новинарскиот кодекс при своето работење …

Заев ја поздрави иницијативата за формирање регистар на професионални онлајн медиуми Read More »

ЕВН ги санира далекуводите кои беа зафатени од пожарот кај езерото „Младост“


Екипи на ЕВН активно работат на санирање на штетите и воспоставување на напонска состојба на двата далекувода што беа оштетени при вчерашниот пожар кај езерот „Младост“ во Велес. Екипите на Електродистрибуција од Велес ќе останат на терен се додека се нормализира снабдувањето со електрична енергија, инфомрираат од компанијата. -Екипите на Електродистрибуција од Велес од самиот …

ЕВН ги санира далекуводите кои беа зафатени од пожарот кај езерото „Младост“ Read More »

Русковска : Не се спомнуваат политичари во исказот на Камчев


Кога ќе оценам дека е тоа потребно, Бојан Јовановски ќе биде повикан да даде исказ  за случајот „Рекет“, изјави денеска обвинителката Вилма Рускоска по состанокот во Советот за јавни обвинители кој одлучува дали ќе поведе постапка за разрешување на специјалната обвинителка  Катица Јанева. Рускоска рече дека не знае дали се подготвува барање за Јанева да …

Русковска : Не се спомнуваат политичари во исказот на Камчев Read More »

Заев: Реални се шансите за старт на преговорите со ЕУ


Премиерот Зоран Заев, заедно со вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, се обратија на работниот состанок на Амбасадорскиот совет, што во организација на МНР се одржува во Клубот на пратениците во Скопје. На состанокот на тема „ЕУ перспективата на Република Северна Македонија“ во пресрет на Советот на ЕУ …

Заев: Реални се шансите за старт на преговорите со ЕУ Read More »

Дескоска најави и „план Б“ за решавање на статусот на СЈО


Министерката за правда Рената Дескоска денеска изјави дека ако не се обезбеди двотретинско мнозинство за законот за јавно обвинителство, тогаш во опција се други решенија, а едно од нив е измени во Законот за Советот на јавни обвинители, кој се носи со 61 глас. Откако денеска Собранието со само 57 гласа „за“ ја утврди потребата …

Дескоска најави и „план Б“ за решавање на статусот на СЈО Read More »

Неветувачки старт на законот за обвинителство во парламентот


Со само 57 гласа „за“ од вкупно пријавени како присутни 99 пратеници, Собранието, на денешната седница – прва по летната ферија, ја утврди потребата од донесување по скратена постапка на предлог-законот за јавно обвинителство. Тоа значи почеток на расправата за овој владин предлог – закон во собраниските комисии, каде што се можни амандмански интервенции. Со …

Неветувачки старт на законот за обвинителство во парламентот Read More »

Луковски повторно давал исказ за „Рекет“


Поранешниот главен извршен директор на „Т-мобиле“ Жарко Луковски утринава бил повторно  да даде исказ во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за случајот „Рекет“. Овој исказ, според информациите, е дополнување на претходниот, затоа што Луковски, кој бил меѓу повиканите како сведок кога почнала истрагата за „Рекет“, сам побарал да го дополни изјавеното. Поранешниот директор …

Луковски повторно давал исказ за „Рекет“ Read More »

Почна седницата на Советот на обвинители


Почна седницата на Советот на јавни обвинители, на која ќе се дискутира дали ќе се поведе постапка пред парламентот за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева поради вмешаност  во случајот „Рекет“. На седницата пристигна и шефицата на Обвинителството за организиран криминал, Вилма Русковска, која пред Советот ќе образложи зошто Јанева е осомничена во истрагата …

Почна седницата на Советот на обвинители Read More »

На СЈО ќе му (пре)судат амандмани


Денеска, првпат по одморите, пратениците  ќе седнат во собраниските клупи. На дневен ред ќе го добијат законот за Обвинителство со кој се бара начин како да се продолжи иднината на Специјалното јавно обвинителство. Предлозите на владата засега не се прифатливи за опозицијата, чии гласови се неопходни при добивањето двотретинско мнозинство. Позициите на власта и на …

На СЈО ќе му (пре)судат амандмани Read More »