Студија на „Фридрих Еберт“ укажува на потребата за поголема вклученост на жените во општеството


Фондацијата „Фридрих Еберт“ спроведе сеопфатно национално истражување и објави Студија за жените во Република Северна Македонија 2020/2021 со цел да ја измери, опише и објасни позиционираноста на женската популација од сите етнички заедници во однос на општеството, семејството, вредностите, образованието, вработувањето, политиката, безбедноста и грижата за здравјето. – Студијата дава еден сеопфатен преглед и анализа на најбитните […]

Објавен јавен повик за реконструкција на 35 улици и патишта во 21 општина и Градот Скопје


Министерството за транспорт и врски го објави вториот повик за изведба на градежни работи за подобрување на инфраструктурата на локалните патишта во 21 општина и Градот Скопје во проценета вредност од околу седум милиони евра. Рокот за доставување на понудите е до 8 април годинава, по што ќе се изберат најповолните понудувачи. Проектот за реконструкција […]

На Дрисла ќе бидат уништени 4.325 килограми небезбеден путер со изминат рок


 На депонијата Дрисла денеска ќе бидат уништени 4.325 килограми небезбеден путер со изминат рок кој го увезла млекарницата „Евро Млекара“ ДООЕЛ Скопје. Станува збор за количина која во рамки на двонеделната инспекцика контрола беше запленета од страна на официјален ветеринар од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) како дел од 20 тонски увоз што го […]

Повеќе од 1.000 пациенти со Ковид-19 низ болниците во земјава


 На инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови се лекуваат 1040 пациенти со Ковид-19 и има околу 370 празни болнички кревети во ковид – центрите, соопшти Министерството за здравство. Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 31 пациент поради компликации од коронавирусот. Вкупно 436 лица сомнителни и […]

Царовска: Натпреварите по претприемништво ги поттикнуваат учениците на идеи


Развојот на претприемачките вештини кај младите луѓе е и ќе продолжи да биде еден од приоритетите на образовните политики кои ги креираме во моментов и кои ќе се имплементираат во периодот пред нас. Со новата концепција за основно образование која е неодамна усвоена, за прв пат се воспоставуваат 8 национални стандарди со кои се определуваат […]

Османи: Попишани 60 илјади граѓани од дијаспората, најмногу од Швајцарија, Германија и Италија, послабо од Канада и Австралија


Попишувањето на дипломатијата завршува денеска, но продолжува за дијаспората. Бројот на наши попишани граѓани од дијаспората надмина 60 илјади. На прво место е Швјацарија со околу 16 илјади, што е една четвртина од очекуваните бројки, потоа следат Германија со 10 илјади, Италија со шест илјади, додека во Канада и Австралија имаме далеку послаби резултати, за […]

Шекеринска очекува на владина седница утре да се дискутира за вакцините преку КОВАКС механизмот


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска очекува утре на седница на Влада да се дискутира за дел од прашањата поврзани за добивање, пристигнување и исполнување на условите во однос на вакцините од КОВАКС механизмот. Одговарајќи на новинарско прашање, таа посочи  дека се додека не добијат информации и владините министри, за сите овие прашања да се комуницира […]

Досега евидентирани 64.176 лица преку апликацијата за самопопишување


Преку апликацијата за самопопишување заклучно до 08.00 часот денеска се евидентирани 64 176 лица од дијаспората. Пописот на лицата кои се во странство почна на 1 март. Преку апликацијата се попишуваат македонските државјани кои престојуваат во странство, поради работа или други лични причини, до и подолго од 12 месеци, а попишувањето ќе се одвива до […]

Петнаесет прекршувања на забраната за движење, 393 санкции за неносење маска


Од 22 часот синоќа до 5 часот изутрината констатирано е дека 15 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие, пак, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 393 прекршоци, соопшти Министерството за внатрешни работи. Од МВР апелираат граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата […]

Грчката полиција уапси две лица за шверц на дрога од Северна Македонија во Грција


Во организирана акција на грчката полиција во саботата во близина на Лерин биле уапсени две лица за внесување и продажба на дрога на грчка територија од Северна Македонија, откако во Грција влегле нелегално и на полицаец кој се претставил дека е купувач се обиделе да му продадат нешто помалку од три килограми канабис, јави дописничката […]

За испорака на вакцини од Ковакс потребно исполнување на клучни услови


 Од ГАВИ, Алијансата за вакцини, задолжена за програмата Ковакс преку која се испраќаат вакцини на земји со среден или низок приход, за МИА објаснуваат кои критериуми се потребни за да се добијат вакцини. -За дозите да можат да се испорачаат до учесниците на програмата преку оваа прва рунда на испорака, повеќе критични делови мора да […]

Завршува обврската за поседување зимска опрема во возилата


Обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата што беше воведена на 15 ноември лани завршува денеска. Од АМСМ информираат и дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за […]

Почнува Велигденскиот пост


Имиња на постот Тоа е пост со повеќе имиња – повеќеимен пост. Се нарекува: Велигденски пост – затоа што завршува на Велигден и значи подготовка за Празникот. Воскресенски пост – заради празникот на Христовото воскресение. Пасхален пост – бидејќи е пост пред Пасха, како што се нарекува Велигден – Новата Пасха или Новозаветна Пасха. Велики […]

Османи ќе информира за попишувањето на дијаспората


Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе одржи прес-конференција во врска со спроведувањето на пописот кој од 1 март почна да се спроведува за неколку категории на граѓани, меѓу кои и за дијаспората. Преку електронската апликација досега се попишани над 50 илјади граѓани. Османи во саботата преку видео обраќање на „Фејсбук“ истакна дека апликацијата […]

Шекеринска на промоција на новиот софтвер за СТАНАГ тестирање


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска во касарната „Гоце Делчев“ ќе го посети Центарот за обука „Д-р Џозеф Крузел“. Во Центарот ќе биде промовиран новиот софтвер за тестирање на знаењата на припадниците на Армијата и вработените во одбраната на англискиот јазик, согласно НАТО стандардот, СТАНАГ. 

Над 500 нови случаи на Ковид-19, полицискиот час и препораките не се почитуваат


По порастот од над илјада новозаболени од Ковид-19, вчера Министерството за здравство регистрираше 541 нов случај на корона вирусот од направени 2.789 тестирања. Повеќе од половина од новодијагностицираните случаи се во Скопје. Починаа 19 лица на возраст од 55 до 89 години.   Во земјава е воведен полициски час и е забрането движење во периодот […]

Дожд, северен ветер и пад на дневните температури


Облачно време со врнежи од дожд ќе преовладува денеска во земјава. Повремено врнежите ќе бидат поројни и на места со ретки грмежи. Пообилни врнежи се очекуваат во северозападните и источните делови од државата. Поради продор на студена воздужна маса, освен на планините, врнежите ќе преминуваат во снег и на повисоките места, а кон крајот на денот […]

Земјотрес со јачина од 3,8 степени вечерва во Маврово


Уште еден умерен земјотрес, бил почувствуван вечерва во мавровскиот регион. Според ЕМСЦ, земјотрес со јачина од 3,8 степени по Рихтер вечерва се случил на 13 км југозападно од Гостивар, во 22.38 часот. Земјотресот бил на длабочина од 1 км. Епицентарот е во близина на Мавровско езеро, а најмногу се почувствувал во Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево… […]

Запленетите 4,5 тони путер со поминат рок утре ќе се уништуваат на „Дрисла“


Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) вечерва соопшти дека се запленети вкупно 4,5 тони путер со поминат рок кој утре ќе биде уништен на „Дрисла“. Во соопштението се наведува дека путерот, чиј увозник е млекарницата „Евро Млекара“ од Скопје, е повлечен бидејќи е утврдено дека рокот на декларацијата не соодветствува со увозната документација за производот […]

Менкиновски ја оцени како скандалозна одлуката за притвор за Камчев


Aдвокат Тони Менкиновски остро реагира на притворањето на Јордан Камчев оценувајќи дека одлуката е скандалозна бидејќи притворот е изречен врз база на неиздржани индиции на Агенцијата за национална безбедност. Тој смета дека во документот за притвор се наведуваат тврдења со ЌЕ, без да има некакви докази. Тој најави жалба на притворот, но и нагласи дека […]