Русковска : Не се спомнуваат политичари во исказот на Камчев

Кога ќе оценам дека е тоа потребно, Бојан Јовановски ќе биде повикан да даде исказ  за случајот „Рекет“, изјави денеска обвинителката Вилма Рускоска по состанокот во Советот за јавни обвинители кој одлучува дали ќе поведе постапка за разрешување на специјалната обвинителка  Катица Јанева.

Рускоска рече дека не знае дали се подготвува барање за Јанева да излезе од притвор поради многу нарушено здравје и потврди дека се уште трае истрагата за документот со исказот на Камчев кој излезе во јавност.

На прашање дали Камчев го имал тој документ, Рускоска појасни дека записници на сведоците и на лица за кои се бараат потребни известувања, не им се доставуваат, туку пред завршувањето на истражната постапка кога ќе се донесе известување за завршена истрага, тогаш препис се дава на одбраната и на осомничениот.

-Она што во некои медиуми беше пренесено како исказ на Камчев во делот на политичарите воошто не е точно – Русковска.

Таа негира дека кој било политичар бил споменат во исказот на Камче,в како што објавија дел од медиумите.

-Станува збор за дезинформации на одредени медиуми. Заев е споменат само во делот каде што Јордан Камчев кажува дека пријавил и кај него. Ниту еден друг политичар не е споменат, кажа Русковска, откако пред Советот на јавни обвинители го презентираше досието за специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во однос на предметот „Рекет“.

Рускоска рече дека се уште се работи на финансиската истрага и дека за дел од парите знат каде се, а за дел работат на откривање.