Средното стручно образование со нови наставни програми и повеќе стручни предмети


Средното стручно образование е врвен приоритет на Министерството за образование и наука (МОН), а со неговото целосно реформирање од аспект на нови наставни програми од почетокот на оваа учебна година ќе биде насочено кон стекнување на вештини на знаење на учениците за профилот за кој се запишани.

Ова го порача министерот за образование и наука Арбер Адеми на конференцијата „Реформа на техничкото образование во стручните училишта во Република Северна Македонија“ што се одржа во Скопје.

-Оваа учебна година ни започнува со имплементација на еден од најголемите реформски процеси направени во нашиот образовен систем. Имаме целосно нов наставен план и нови наставни програми за двегодишното и тригодишносто стручно образование со над 100 нови програми, а за четиригодишното  стручно образование над 1.000 нови модуларни наставни програми. Соодносот на предметите е 55 отсто стручни и 45 проценти општо образовни предмети, рече Адеми.

Посочи дека на тој начин средното стручно образование ќе биде насочено кон стекнување на вештини на знаење на децата за профилот за којшто се и запишани.

-Уште од моето доаѓање на функцијата ветив дека средното стручно образование ќе биде приоритет и ќе се промовира повеќе. Годинава почнавме кампања за промоција од која веќе ги имаме првите позитивни резултати од аспект на афирмација и објаснување на приодобивките од овој тип на образование. Истовремено вложуваме и инвестираме во ваквото образование. Се повеќе и повеќе училишта веќе имаат формирано реални училишни компании за чие оформување МОН им даде финансиска помош и поддршка. Децата сега можат да почуствуваат што заначи да си дел од една реална училишна компанија и да имаат придобвики од нејзината рентабилост, посочи Адеми.

Вложуваме, додаде, и во опремувањето на средните стручни училишта.

-Повеќе од 400 илјади евра МОН вложи особено во земјоделските училишта кои се опремени со трактор, плугови и друга опрема се со цел да се реализира наставата на што поквалитетен начин, истакна Адеми.