Автобусите од јавниот превоз денес ќе сообраќаат по неделен возен ред


Фото: Б.Грданоски

Возилата од јавниот превоз денес поради верскиот празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) ќе сообраќаат по неделен возен ред, соопшти ЈСП-Скопје.

По делничен возен ред ќе сообраќаат само возилата на приватните превозници, односно линиите 11, 11А, 47А, 55 и 55Б.

Дежурни ќе бидат билетарниците кај Транспортен центар со работно време од 7 до 19.30 часот, кај Зелен пазар од 7 до 19.30 часот и во Ѓорче Петров од 7 до 13 часот.