Честитка од Џафери по повод празникот Успение на Света Богородица


Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери денеска упати честитка по повод утрешниот празник Успение на Пресвета Богородица.

-Дозволете ми, од свое лично име и од името на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија, Вам лично, на членовите на Светиот Архиерејски Синод, на монаштвото и свештенството, на сите православни верници на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија во Република Северна Македонија, да Ви го честитам големиот христијански празник, Успение на Пресвета Богородица. Искрено посакувам преку ликот на Пресветата Богородица да бидат препознаени и отелотворени во животите на сите нас, вредностите кои нејзиниот лик ги претставува, големата љубов, добрината, грижливоста. Сите заедно да ги празнуваме и почитуваме верските празници и преку нив да учиме важни животни лекции и мудрости, вели Џафери во честитката.