Луковски повторно давал исказ за „Рекет“


Поранешниот главен извршен директор на „Т-мобиле“ Жарко Луковски утринава бил повторно  да даде исказ во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за случајот „Рекет“.

Овој исказ, според информациите, е дополнување на претходниот, затоа што Луковски, кој бил меѓу повиканите како сведок кога почнала истрагата за „Рекет“, сам побарал да го дополни изјавеното.

Поранешниот директор на „Т-Мобиле“ се споменува во еден од разговорите што ги објави италијанскиот „Ла Верита“. Во таа аудио снимка се слуша како Бојан Јовановски – Боки 13, во разговор со Орце Камчев вели дека „Луковски завршил работа за случајот со базните станици – и во СЈО и во Владата“.

Според обвинението за  „Базни станици“, што во СЈО го води обвинителката Лиле Стефанова, Луковски е осомничен за злоупотреба на над 3,5 милиони евра во корист на „Бетон“ АД Скопје, а на штета на акционерите на „Т-мобиле“, меѓу кои, и државата.