„Прв до врв“ во Скопје – утре посебен сообраќаен режим поради спортскиот настан


На 17.05.2026 (недела), во организација на Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ – Скопје, ќе се одржи четиринаесеттото издание на традиционалниот спортско-рекреативен настан насловен како „Прв до врв“. Во рамки на настанот ќе се реализира велосипедска трка со почеток во 09:45 часот, со траса на движење од пред Музеј на град Скопје по […]

Левица: ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН го предлагаат истиот „смешен“ закон за игри на среќа што го напаѓаа во опозиција


Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН го предлага истиот закон за игри на среќа, со истото ограничување од 500 метри, кое додека беа во опозиција го нарекуваа „смешно“ и недоволно. Токму сегашниот вицепремиер Изет Меџити во 2023 година јавно изјави дека растојанието од 500 метри од училиштата и верските објекти е „смешно“ и најавуваше амандмани […]

Во Скопје првиот од серијата настани „Автослалом 2026“


 Автомобилистичката федерација на С.Македонија (АФРСМ) со финансиска поддршка од Меѓународната автомобилистичка федерација (FIA) денеска го организира првиот од серијата настани „Автослалом 2026“ на големиот паркинг пред салата „Борис Трајковски“ во Скопје. Во соопштението на АФРСМ се наведува дека за првиот натпревар од серијата веќе се пријавени повеќе од 30 учесници во различни категории на возила, […]

Најниска температура изутринава во Берово, Лазарополе и Попова Шапка


Најниската температура изутринава е измерена во Берово, Лазарополе и Попова Шапка – четири степени, а највисоката во Демир Капија – 13. Како што соопшти УХМР, во Берово, Лазарополе и Попова Шапка се измеренин 4 степени, во Kрушево и Mаврови Анови шест, во Крива Паланка седум, во Охрид и Битола осум, во Скопје-Петровец, Тетово, Претор и Прилеп […]

Филозофскиот факултет домаќин на 53. натпревар по класични јазици


Во организација на здружението „Антика“ и Институтот за класични студии при Филозофскиот факултет во Скопје, денеска ќе се одржи 53. Државен натпревар по класични јазици за ученици од гимназиите и средните училишта од државата. Натпреварот ќе се одржи во просториите на Филозофскиот факултет со почеток во 9:30 часот, а учество ќе земат 73 ученици од […]

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и ветер


Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²), грмежи, засилен до силен ветер (над 70 кm/h) и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од […]

Астрономски календар


Денеска е сабота, 16 мај 2026 година, 136-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат  229 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 13 минути, а ќе зајде во 19 часот и 48 минути. Денов трае 14 часа и 35 минути. Месечината, која е во фаза на млада месечина ќе изгрее во […]

За една деценија пад од 30 отсто на новороденчињата 


Македонија за десет години изгубила речиси една третина од новороденчињата. Според најновите демографски податоци за 2025 година, во државата се родени околу 15.500 бебиња, додека пред една деценија бројот изнесувал околу 23.000. Гинеколозите предупредуваат дека се потребни поголема грижа за женското репродуктивно здравје, подобра превенција и посилна институционална поддршка Во последната деценија, Македонија бележи значителен […]

Телефонскиот број што осамна на билборд бил повикан повеќе од 20 илјади пати, МВР откри зошто бил поставен


Министерството за внатрешни работи и А1 Македонија денеска официјално ја претставија националната општествено одговорна кампања „Одговорно со технологијата“, насочена кон подигнување на јавната свест за ризиците од користење мобилен телефон и дигитална дистракција во сообраќајот. Кампањата има за цел да поттикне поголема одговорност кај сите учесници во сообраќајот – возачи, пешаци, велосипедисти и корисници на […]

Електричните тротинети препознати како проблем – како ќе се решава Тошковски без детали


Употребата на електричните тротинети е препозната како проблем, а министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најавува законско решение за нив, но без детали дали ќе се оди со забрани или со регулација на системот. Тошковски одговарајќи на новинарско прашање денеска на официјалната промоција на Кампањата за побезбеден сообраќај: Одговорно со технологијата, на А1 Македонија и […]

ЕСМ против обвинителката Коларевиќ: Тие што дале исказ не биле надлежни


  Во политичката драма околу запирањето на истрагата за случајот со мазутот денеска се вклучи и ЕСМ да демантира дека лицата што дале исказ дека нема штета за компанијата не биле надлежни да го сторат тоа. ОЈО ГОКК денеска во изјава за „Фокус“ соопшти дека помошник-директорот за производство на електрична енергија од хидроелектрани и управување […]

Тошковски за моторџиите: „Ќе ги изгориме“ во наредниот период


Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави дека полицијата во наредниот период ќе ги засили контролите во градските средини, со посебен фокус на возачите на мотори кои не ги почитуваат сообраќајните правила и претставуваат ризик за безбедноста. Тошковски направи разлика меѓу, како што рече, „вистински моторџии“ и оние кои „глумат моторџии“. „Тие кои се вистински […]

СДСМ бара одговорност од Јаневска и од директорите за булингот, ножевите и тепачките во училиштата


По неколкуте инциденти со булинг, ножеви, тепчаки и насилство во училиштата опозициската СДСМ бара одговорност од министерката за образование Весна Јаневска, но и од директорите на училиштата.  Меѓудругото, тие бараат смена на директорите кои прикривале вакви случаи или оние кои не презеле соодветни мерки. Се бара изратока на национална стратегија за булинг, унифицирани правила за […]

Низок е ризикот од појава и ширење на хантавирус во државата, комисијата континуирано ја следи состојбата во светски рамки


Комисијата за заразни болести формирана при Министерството за здравство одржа седница со цел разгледување на состојбата со појавата на кластер со хантавирус – андес варијанта во светски рамки и оцени дека во нашата држава е низок ризикот од појава и ширење на вирусот и здравствениот систем е подготвен за справување со евентуална појава на инфекцијата. […]

УГД Штип ќе биде домаќин на престижна летна школа за млади научници и истражувачи од Западен Балкан


Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип ќе биде домаќин на престижна летна школа за млади научници и истражувачи од Западен Балкан, што се организира под покровителство на Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија. Можноста произлезе од стратешкото партнерство на македонското Министерство за образование и наука и овој референтен центар за наука и истражување на ЕУ, што […]

Попладнево пороен дожд и грмежи, во вторник пак


 Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне и во текот на ноќта ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, а максималната температура ќе се движи во интервал […]

250 евра ќе биде казната за родителот чие дете е насилно во училиште


Со 250 евра ќе биде казнет секој родител на дете кое се однесува насилно во училиштето, но и ако тој родител не сака да соработува со училиштето или со другите институции, потврди денеска министерката за образование Весна Јаневска. – Државниот секретар е во постојан контакт со пратениците и мислам дека во овој момент се во […]

Македонија отвора амбасада во Литванија


Влада  донесе одлука за отворање на Амбасада на Македонија во Литванија, со седиште во Вилнус. Одлуката е донесена на предлог на Министерство за надворешни работи и надворешна трговија, а според Владата, воспоставувањето постојано дипломатско присуство во Вилнус ќе придонесе за зајакнување на политичкиот дијалог и билатералната соработка меѓу двете земји. Амбасадата ќе има и поширока […]

Дневници од 800-1.000 денари за оние кои ќе учат за месопреработувачи во СОУГС „Димитар Влахов“


Со цел зголемување на интересот на учениците за занимањето месопреработувач, во соработка со компании од месната индустрија, училиштето обезбеди дневници за секој што ќе се запише на насоката месопреработувач, и тоа дневница од 800 денари во прва година, 900 во втора и 1.000 денари во трета. Ова е еден стимул со надеж дека интересот за […]

Поддршка за семејствата во Центар, обезбедени 4 милиони денари за новороденчињa


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, по повод Меѓународниот ден на семејството, информира за континуираната поддршка, мерките и иницијативите насочени кон унапредување на квалитетот на живот на граѓаните, со посебен фокус на младите семејства, децата и повозрасните. По тој повод, Општина Центар ја истакнува својата заложба за создавање подобри услови за живот и зајакнување на […]