Сиљановска на средба со претставници на УНЕСКО околу заштитата на Охридскиот регион


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими постојаните делегати – амбасадори  и претставници на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, предводени од претседателот на 43. Генерална конференција на УНЕСКО, Кондер М. Тала од Бангладеш.

 Предмет на разговарот беше заштитата на природното и културното наследство на Охрид и Охридскиот регион, низ призма на препораките на Комитетот.

 Претседателот и соговорниците ја информираа претседателката за јасно изразената политичка подготвеност и решеност за правни и институционални чекори, проследени со конкретни мерки.

 Таа укажа на потребата од поголем ангажман на експертската заедница, како и интензивирање на соработката со Република Албанија во надминувањето на заедничките проблеми.

 За соговорниците, заштитата на културното и природното наследство на Охрид и Охридскиот регион ги надминува националните граници и упатува на меѓународно разбирање и солидарност. објави Скопје1.мк