Спасувачка акција на Пелистер, повредено едно лице
Денеска од претпладневните часови се одвива спасувачка акција на едно повредено лице во НП Пелистер во близина на Мало Езеро. Лицето е лоцирано и според потврдени информации веќе му е укажана прва помош.
Директорот на НП Пелистер Иванчо Тошевски даде изјава за „Независен“ околу акцијата.
“Во тек е спасувачка акција на повредено лице на Пелистер во близина на Мало езеро. Лицето е лоцирано и веќе му е укажана прва помош. Во координација со ЦУК, ДСЗ, екипи од НП Пелистер и итната медицинска помош од Битола се работи на извлекување на повреденото лице“, соопшти Тошевски. (А. Б)