Жештините го земаат данокот: Утрово повеќе колапси на јавни места во Скопје


Високите температури веќе ги земаат првите жртви. Само утрово, Брзата помош во Скопје интервенирала во повеќе случаи на колапс на јавни места, а значително е зголемен и бројот на повици од граѓани кои побарале медицинска помош. Доктор Ана Џарева од Брза помош – Скопје изјави за МИА дека утрово се евидентирани повеќе од пет колапси […]

Се носат закони како на лента: донесени измените за работно ангажирање, за Советот на јавните обвинители и за земање и пресадување на органи…


Собранието во попладневниот дел денеска одржа продолженија на три собраниски седници – 105, 106 и 108 на кои, пратениците изгласааа повеќе законски измени меѓу кои –  Законот за работно ангажирање на лица, Законот за Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија и Законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување, […]

Донесен Законот за игрите на среќа и за забавните игри – обложувалниците се селат на 500 метри од училишта


Собранието денеска во рамки на 109. седница ги донесе одлуката за измена на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, Законот за игрите на среќа и за забавните игри, а Христина Софронијоска беше избрана за нова заменичка на генералната секретарка на законодавниот […]

Се поправа подната фонтана на плоштадот „Македонија“ – ќе биде пуштена за неколку дена


Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека подната фонтана на плоштадот „Македонија“ повторно ќе биде ставена во функција. Како што информираше тој, во моментот се изведуваат градежни активности, а само за неколку дена фонтаната ќе биде пуштена во употреба. Ѓорѓиевски соопшти дека просторот околу фонтаната повеќе нема да се користи за движење на автомобили и […]

Центар, околу Дебар Маало, неколку часа е без струја


Подрачјето на центар, во Скопје, околу Дебар маало и околните објекти, немаат струја веќе неколку часа.  Ова е непланиран прекин на струја, според веб-страницата на Електродистрибуција.  Нема информација што го предизвика прекинот на електрична енергија, ниту до кога ќе трае. Дел од објектите кои имаат генератори функционираат со таа струја, а другите не можат ни […]

Чаир ќе го одбележи ликот и делото на маестро Владо Јаневски


Општина Чаир изразува најдлабоко сочувство до семејството, најблиските и до целата нација по повод смртта на маестро Владо Јаневски, еден од најголемите имиња на македонската музика, чие творештво остави неизбришлива трага во музичката култура и во сеќавањата на многу генерации. Во знак на почит кон неговиот уметнички придонес и неговата посебна поврзаност со Чаир, Советот […]

Грант од 2 милиони долари за документација и обука за искористување на водите на Злетовица


Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски со директорката на Светска Банка на регионот, Карол Межеван потпишаа договор за грант во износ од 2 милиони долари за ажурирање на проектната документација и обука на корисниците, со кој се обезбедува поддршка за подготовка на проектот „Подобрување на искористувањето на водите од басенот на реката […]

Ѓорѓиевски и Попов ги видоа жолтите, „изгорени“ жардиниери пред МАНУ


МАНУ е една од најважните и највредните институции во Македонија, дом на науката, уметноста, знаењето и мислата што ја движи државата напред.   Заедно со претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, академик Живко Попов, извршивме обиколка на просторот околу седиштето на оваа значајна институција.   Како Град Скопје, ќе дадеме поддршка во уредувањето […]

Перински и Димовска договорија заеднички активности за поддршка на општините, младите и иновациите


Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, оствари работен состанок со директорката на Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА, Даниела Димовска, на кој беа договорени повеќе заеднички активности насочени кон јакнење на капацитетите на општините, поголемо вклучување на младите и поттикнување на примената на иновативни решенија во локалниот развој. Како една од првите […]

Пронајден мртов бизнисменот Марјан Јованов – Мане Левис


Марјан Јованов, во јавноста познат како Мане Левис, е пронајден мртов во дворот од неговиот дом во скопската населба Карпош, потврдија од Министерството за внатрешни работи. Јованов беше познат бизнисмен и дистрибутер на брендот „Левис“ во Македонија, а во јавноста беше познат и како еден од обвинетите во предметот „Шпански скали“. Тој доби ослободителна пресуда. […]

УХМР: Од утре пороен дожд, грмежи и локално невреме


 Од утре попладне до сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно наместа со повремен дожд и грмежи особено во попладневните часови и во текот на ноќта. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер со брзина од над 60 километри на час и појава на […]

Отворена нова градинка во Трубарево за 60 деца


Во нова градинка во населбата Трубарево во општина Гази Баба од 1 јули ќе бидат згрижени 60 деца. Градинката денеска беше пуштена во употреба во присуство на премиерот Христијан Мицкоски. Инвестицијата изнесува 47 милиони денари обезбедени од општината. Веќе е вработен и персоналот што ќе работи во градинката. -Ова е трета градинка што ја градиме […]

Александар и Мартина годинашни младенци – новитети најавени на Галичката свадба


Од 10 до 12 јули, живописниот Галичник повторно ќе биде домаќин на една од најпрепознатливите и најавтентични културни манифестации во Македонија – „Галичка свадба“. Илјадници посетители од земјава и странство и годинава ќе имаат можност да бидат дел од единственото доживување што го нуди оваа вековна традиција, исполнета со свадбарски обичаи, автентични носии, изворни песни […]

Меџити: Повеќе од 70 улици во Чаир носат имиња од албанската историја


Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, истакна дека повеќе од 70 улици на територијата на Општина Чаир носат имиња на значајни личности и настани од албанската историја, меѓу кои е и улицата именувана по Народното движење на Косово (ЛПК). Меџити нагласи дека именувањето на овие улици е спроведено согласно сите законски и институционални процедури, а […]

Во прекин сообраќајот на автопатот Куманово – Велес кај клучката за Меѓународниот аеродром Скопје


Поради сообраќајна незгода, од 06:06 часот утринава во прекин е сообраќајот на автопатот Куманово – Велес, кај клучката „Меѓународен аеродром Скопје“, поточно на исклучокот од Скопје кон аеродромот. Од ЈП Македонија пат информираат дека сообраќајот се пренасочува преку клучка Рафинерија.

И денеска многу топло, температури до 39 Целзиусови степени


Топлото време продолжува, денеска се очекуваат температури до 39 Целзиусови степени. Како што информираше Управата за хидрометеоролошки работи, денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. Температурата ќе се движи од 14 до 39 Целзиусови степени. Во Скопје, исто така, се очекува […]

Во Кочани повеќе од двојно зголемена потрошувачката на водата за пиење, можно воведување на рестрикции


Општина Кочани доцна синоќа упати соопштение со кое ги известува граѓаните дека во текот на вчерашниот ден е регистрирана енормно зголемена потрошувачка на вода во населените места Оризари, Грдовци, Горни Подлог, Долни Подлог, Тркање и Мојанци. -Додека вообичаената потрошувачка изнесува околу 23 литри во секунда, во моментов е евидентирана потрошувачка од 53 литри во секунда, […]

Земјотрес со епицентар на подрачјето Тетово-Гостивар


Ноќеска неколку минути после полноќ бил почувствиван земјотрес со епицентар на подрачјето Тетово-Гостивар. -Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 00 часот и 06 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.0, соопшти Сеизмолошката опсерваторија. Според досегашните податоци со кои располага […]

Промоција на програмата за „Галичка свадба“ и претставување на годинашните младенци


Програмата на годинашното издание на Галичка свадба денеска официјално ќе биде претставена на прес-конференција во Скопје. На настанот ќе бидат претставени и годинашните младенци, облечени во традиционалните галички свадбарски носии. Пред присутните ќе се обратат генералниот директор на Пивара Скопје, Огњен Лазиќ, државниот секретар во Министерството за култура и туризам, Марија Станчевска-Ѓоргова, претседателот на месната […]

Денес имаше 12 пожари во Македонија, пет се уште не се изгаснати


До 18 часот на територијата на државата се евидентирани 12 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, еден е ставен под контрола, а шест се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни пожари има во Куманово, каде што во населбата Перо Чичо гори депонија и ниска вегетација, како и во […]