Денес имаше 12 пожари во Македонија, пет се уште не се изгаснати


До 18 часот на територијата на државата се евидентирани 12 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, еден е ставен под контрола, а шест се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни пожари има во Куманово, каде што во населбата Перо Чичо гори депонија и ниска вегетација, како и во населбите Бедеиње и селото Режановце, каде што огнот зафатил ниска вегетација и садници.

Активен е и пожарот на депонијата во Пехчево, како и пожарот меѓу селата Тркање и Бање во Општина Чешиново-Облешево, каде што гори ниска вегетација. Пожар е регистриран и во близина на Злетовска Брана во Општина Пробиштип.

Под контрола е ставен пожарот кај селото Дворци во Општина Пласница, каде што горела депонија.

Во текот на денот целосно се изгаснати шест пожари на подрачјата на Валандово, Инџиково, Старо Нагоричане, Врапчиште, Свети Николе и Дебар.