Чаир ќе го одбележи ликот и делото на маестро Владо Јаневски


Фото: Б. Грданоски

Општина Чаир изразува најдлабоко сочувство до семејството, најблиските и до целата нација по повод смртта на маестро Владо Јаневски, еден од најголемите имиња на македонската музика, чие творештво остави неизбришлива трага во музичката култура и во сеќавањата на многу генерации.

Во знак на почит кон неговиот уметнички придонес и неговата посебна поврзаност со Чаир, Советот на Општина Чаир ќе преземе институционални мерки за трајно одбележување на ликот и делото на маестро Владо Јаневски, соопштија од Општина Чаир. 

Владо Јаневски, најпознатиот чаирски романтичар, почина вчера по кратко боледување на возраст од 65 години. Погребот ќе се изврши утре, на градските гробишта „Бутел“. 

Во своите песни, особено во „Чаирска романтика“, Јаневски го опеа Чаир, населбата во која е роден и пораснат.