Центар, околу Дебар Маало, неколку часа е без струја
Подрачјето на центар, во Скопје, околу Дебар маало и околните објекти, немаат струја веќе неколку часа.
Ова е непланиран прекин на струја, според веб-страницата на Електродистрибуција.

Нема информација што го предизвика прекинот на електрична енергија, ниту до кога ќе трае. Дел од објектите кои имаат генератори фуинкционираат со таа струја, а другите не можат ни да ги отворат влезните врати доколку немаат клуч.
Не работат ни семафорите во централното подрачје, а сообраќајот го регулираат сообраќајци.