Во прекин сообраќајот на магистралниот пат Струмица – Граничен премин Ново Село


Магистралниот пат Струмица – Граничен премин Ново Село од полноќ е во прекин во двата правца поради случена сообраќајна незгода, соопшти Автомотосојузот на Македонија во утринскиот извештај.

АМСМ  информира дека собраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите каде што е можна појава на одрони.