Најтежок ден во справување со пожарите, едно лице со изгореници пренесено в болница
Огнот дојде до првите куќи во Богомила, но благодарение на брзата реакција на пожарникарите и локалното насление, но и на пожарникарите од Велес кој дадоа голем допринос за најпрво локализирање и потоа и гаснење на пожарот.
Најтешка ситуација имавме во пелагонискиот регион, бидејќи огнот ги загрози селата Ивањевци, Лозани и Новоселани.
Ова го истакна Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување кој вели дека вчерашниот ден бил еден од најтешките ова лето за справуање со бројните пожари кои избувнаа на територијата на нашата земја.
– Доцна попладнето пристигнавме во село Лостени, и она што го затекнавме беше застрашувачко. Огнот беше на само 50 метри од куќите, и имаше зафатено висока сува трева… и се движеше кон куќите. На лице место гаснеа пожарникарите но борбата беше многу тешка, бидејќи линијата на огнот беше многу голема. Голем допринос во гаснењето даде локалното население, а беше ангажиран и тим за брзо распоредување, составен од 20 припадници на доброволното друштво Архангел од Битола, кои помогнаа во гаснење на преостанатите линии.
Ангелов посебно се заблагодари до локалното население кое несебично се борело со огнот во околината, и истакна дека има едно хоспитализирано лице од изгореници добиени при гаснењето на пожарите.
Воедно тој истакна дека голем придонес во гаснењето на пожарот имал тракторис од локалното насление кој успеал да направи многу за гаснењето на пожарот.
– Посебно сакам да го истакнам и да му се заблагодарам на младиот тракторист Аце (Александар Чепиговски) од с. Ивањевци покажа извонредна вештина на управување со неговиот огромен трактор, изложувајки се на голем ризик орајки директно низ линијата на огнот со што го сопре ширењето на пожарот на повеќе места – напомена Англеов.
Инаку како што соопштуваат од Центарот за управување со кризи, до 7:30 часот утрово се регистрирани вкупно 40 пожари на отворен простор, од кои активни се шест пожари, под контрола три и изгаснати 31 пожар, информира Центарот за управување со кризи.
Активни се пожарите во општина Студеничани – над с. Моране, Вртекица и Рамни Габер, каде што гори мешана шума, во Македонски Брод – место викано Видуш, кај село Драгов Дол (ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки), во општина Битола – село Лопатица (ниска вегетација), во општина Новаци – селата Маково, Мојно и Брник (ниска вегетација и деградирана шума), општина Крушево – на потегот од село Алданци до село Норово (нискостеблеста деградирана дабова шума) и во општина Велес – село Слп, каде што со огнот е зафатена шума.
Под контрола се три пожари – депонијата во општина Делчево, во општина Могила – селата Лознани и Вашарејца (ниска вегетација) и во општина Јегуновце – село Копанце (зафатена е шума).
ЦУК известува за 31 изгаснат пожар:
Општина Сарај: Сарај (ниска вегетација и дрвја)
Општина Сарај: с. Семениште (борова и ниска вегетација)
Општина Сарај: с. Раовиќ (ниска вегетација и мешана шума)
Општина Прилеп: с. Сенокос (железнички прагови)
Општина Прилеп: кај старата фабрика „Партизанка“ (ниска вегетација)
Општина Прилеп: регионален пат с. Беровци – с. Веселчани (ниска вегетација)
Општина Прилеп: месност „Варош“ (ниска вегетација)
Општина Прилеп: ул. „Благоја Шукуроски“, спроти црквата „Св. Димитриј“ (ниска вегетација)
Општина Прилеп: над бараки Варош (ниска вегетација)
Општина Кривогаштани: с. Мирче Ацев, односно с. Петрово (пчеларник)
Општина Крушево и Долнени: с. Селце и с. Житоше (ниска вегетација)
Општина Ново Село: помеѓу с. Борисово и с. Колешино (две диви депонии)
Општина Василево: с. Василево (депонија)
Општина Охрид: с. Велгошти (ниска вегетација)
Општина Охрид: Петрино, ул. „15-ти Корпус“ (стрниште)
Општина Струга: с. Долно Татеши (ниска вегетација и нискостеблеста шума)
Општина Струга: с. Корошишта (стрниште, ниска вегетација и насади со лешници)
Општина Кичево: с. Манастирско Доленци (нискостеблеста деградирана шума)
Општина Кичево: с. Гарани (стрниште и куќа)
Општина Чашка: Богомила, кај железничката станица (ниска вегетација, дрвени железнички прагови и бандери)
Општина Велес: помеѓу с. Сливник и с. Бузалково (ниска вегетација, грмушки и бандери)
Општина Кавадарци: с. Чемерско (сува трева и грмушки)
Општина Кавадарци: ул. „Сремски Фронт“ бр. 18
Општина Куманово: с. Косматец (ниска вегетација)
Општина Липково: с. Слупчане (плевна и дел од куќа)
Општина Јегуновце: с. Сирочино (депонија)
Општина Јегуновце: над с. Копанце (ниска вегетација и ситни грмушки)
Општина Тетово: с. Џепчиште (ниска вегетација)
Општина Врапчиште: с. Градец (ниска вегетација и ѓубре)
Општина Гостивар: на излез од Гостивар (ниска вегетација)
Општина Гостивар: с. Страјане (ниска вегетација)