Отворена нова градинка во Трубарево за 60 деца
Во нова градинка во населбата Трубарево во општина Гази Баба од 1 јули ќе бидат згрижени 60 деца. Градинката денеска беше пуштена во употреба во присуство на премиерот Христијан Мицкоски.
Инвестицијата изнесува 47 милиони денари обезбедени од општината. Веќе е вработен и персоналот што ќе работи во градинката.
-Ова е трета градинка што ја градиме во Гази Баба, во септември ќе се отвори градинка во Инџиково, а веќе се гради и помеѓу Керамидница и Маџари, рече градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски, кој додаде дека капациететот на оваа градинка е 60 деца.
Премиерот Мицкоски истакна дека со изградбата на градинката ќе се подобри квалитетот на живот на дечињата и на родителите, кои, посочи, ќе знаат дека дечињата им се во сигурни раце и ќе можат да се посветат на професионалните обврски.