Промоција на програмата за „Галичка свадба“ и претставување на годинашните младенци


Фото: Б. Грданоски

Програмата на годинашното издание на Галичка свадба денеска официјално ќе биде претставена на прес-конференција во Скопје.

На настанот ќе бидат претставени и годинашните младенци, облечени во традиционалните галички свадбарски носии.

Пред присутните ќе се обратат генералниот директор на Пивара Скопје, Огњен Лазиќ, државниот секретар во Министерството за култура и туризам, Марија Станчевска-Ѓоргова, претседателот на месната заедница „Галичник“, Огнен Караѓозовски, како и годинашните галички младоженци.