Во прекин сообраќајот на автопатот Куманово – Велес кај клучката за Меѓународниот аеродром Скопје
Поради сообраќајна незгода, од 06:06 часот утринава во прекин е сообраќајот на автопатот Куманово – Велес, кај клучката „Меѓународен аеродром Скопје“, поточно на исклучокот од Скопје кон аеродромот.
Од ЈП Македонија пат информираат дека сообраќајот се пренасочува преку клучка Рафинерија.