Од 1 јули само со дозвола може да одите во шума


Малешевска шума (Фото: Б. Богдановска)

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, појасни дека мерката за движење во шумите не претставува целосна забрана, туку воведување обврска за издавање дозвола и евиденција на движењето.

Според него, граѓаните и понатаму ќе можат да влегуваат во шумски предели, но со претходно обезбедена дозвола, која има превентивна цел и служи за следење и намалување на ризикот од шумски пожари во летниот период.

Мерката доаѓа во услови на високи температури и зголемен ризик од пожари, а надлежните апелираат на внимателност и одговорно однесување.

Министерството за земјоделство претходно информираше дека ограничувањето ќе важи од 1 јули до 31 август 2026 година, согласно Законот за шумите.