Пожари се уште горат во Куманово, Пехчево и Дебар
Центарот за управување со кризи соопшти дека на територијата на државата до 14 часот се регистрирани вкупно осум пожари на отворен простор, од кои три сè уште се водат како активни.Според официјалните информации, противпожарните екипи успеале да локализираат дел од жариштата, додека четири се целосно изгаснати.
„Од активните пожари, првиот е на територија на село Гари, општина Дебар, каде горат ниска вегетација и нискостеблеста мешана шума. Депонија и ниска вегетација се опожарени во населбата „Перо Чучо“ во општина Куманово. Гори и депонија на територија на Пехчево“, соопштија попладнево од Центарот за управување со кризи.
Покрај трите активни точки, едно од жариштата е целосно ставено во контролирани рамки и веќе не претставува непосредна опасност.Пожарот ставен под контрола е на депонија во село Дворци, општина Пласница.
Во исто време, од ЦУК информираат дека во неколку региони низ Македонија интервенциите завршиле успешно со целосно ликвидирање на огнот.Ниска вегетација горела на територија на општините Валандово, Врапчиште, Гази Баба и Старо Нагоричане. Четирите пожари на овие подрачја биле изгаснати.