Субвенциите за земјоделците: Што вели Мицкоски, а какви факти изнесува СДСМ


  Опозицискиот СДСМ денеска преку соопштение вели дека премиерот Христијан Мицкоски лаже за исплатените субвенции за земјоделците. Цитира негова изјава и потоа ги наведува официјалните податоци од Платежната агенција. СДСМ ја наведува изјавата на Мицкоски од 15 јуни 2026:  ,,Ако се собере вкупниот број на исплатени субвенции од страна на владата на СДСМ и ДУИ […]

Лицата со попреченост попладнево на протест – ќе пуштат 35 балони за 35 години независност


Попладнево, од 17.30 часот, пред Министерство за социјална политика, демографија и млади, протестираат лицата со попреченост, кои имаат десерт барања од власта, меѓу кои и зголемување на часовите за лична асистенција, редовна исплата на детска и социјална помош, донесувањеназаконскитеизмени и друго, што ќе овозможи достоинствен живот.  Токму тоа е и мотото на протестот на Коалицијата „Менуваме“ […]

Антикоагулансите Клексан и Фраксипарин на Позитивната листа од јули, најави Клековски


Нови лекови на позитивна листа од јули, најави денеска директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, на брифинг со новинарите. – Значи, конечно ќе ги има во аптека Клексан и Фраксипарин, и плус уште еден. Се работи за лекови, антикоагуланси. Генерално, за неколку различни популации. Да кажеме од акутни случаи, постоперативно, за спречување на […]

Волци успеале да побегнат од живеалиштето во Скопје ЗОО, па изеле кенгури и ему птици


Сериозен инцидент се случил во Зоолошката градина во Скопје, откако белите волци наводно избегале од своето живеалиште и усмртиле неколку животни и птици, објави порталот „Петс.мк“. Според информациите кои ги објави порталот, инцидентот се случил во саботата, кога белите волци наводно успеале да ископаат дупка под оградениот простор и да излезат од живеалиштето. Како што […]

Ќафасан, Блаце и Свети Наум добиваат „One Stop Shop“, но кога точно, Сали не кажа


Системот „One Stop Shop“ наскоро ќе биде операционализиран и на граничните премини Ќафасан, Блаце и Свети Наум, одговори заменик-претседателот на Владата Беким Сали, на пратеничко прашање од пратеничката Арбана Пашоли, која побара ставање во функција на системот за заеднички гранични контроли на преминот Блаце Дебар. Според заменик-претседателот на Владата, Сали, одржувањето на добри односи со […]

Академијата за административни службеници влегува во завршна фаза на подготовка


Академијата за стручно усовршување и обука на административните службеници не е само нова институција, туку дел од пошироката визија за создавање професионална, ефикасна и современа јавна администрација. Ова беше една од клучните пораки што министерот за јавна администрација Горан Минчев ги упати на денешната тркалезна маса „Идни предизвици при воспоставување и успешно функционирање на Академијата […]

Родителите на починатите деца од „Пулс“ не сакаат изземање на обвинителката Сарамандова


Родителите на децата што ги загубија животите во пожарот во дискотеката „Пулс” во Кочани на денешното рочиште доброволно ја напуштија судницата во КПУ Идризово, во знак на револт, откако адвокатите на обвинетите, побараа да се изземе обвинителката Наташа Сарамандова. Александар Наунов, во изјава за медиумите нагласи дека се остава впечаток дека колку повеќе се отвораат […]

Во среда и во сабота само жени може да се капат во базенот во Тетово


Градскиот базен во Тетово воведе посебни термини кога може да се капат само жени и девојки,  јавува СДК.мк. Термините се во среда и сабота од 08:30 до 12:00 часот. „Тие термини се предвидени базенот да го користат само жени и девојки бидејќи не сакале да има мешање со мажи на базенот. Тоа е направено според […]

Данела Арсовска прашува: Каде е обвинението против Ганиу за дивоградбите и фалсификатите во Чаир?


Поранешната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, побара јавно информација до каде е предметот против Висар Ганиу околу дивоградбите за кои таа доставила обемна документација во Јавното обвинителство. Според неа, Ганиу легализирал објекти врз основа на фалсификувани документи на кои биле наведени лажни потврди и дозволи, со непостоечки броеви во архивата на Град Скопје. Иако […]

Жичницата и понатаму надвор од функција – сервисот сè уште не е направен


Скопјани, туристите и останатите посетители засега ќе мора да ги користат постојните пристапни патишта за да стигнат до Милениумскиот крст, бидејќи жичницата на Средно Водно сè уште не е вратена во функција. Од ЈСП „Скопје“, кое стопанисува со жичницата, велат дека во тек се сите законски предвидени постапки за реализација на редовниот сервис. „Безбедноста на […]

Време е Македонија да добие национална опсерваторија, Скопското астрономско друштво отвора повик за граѓаните


Скопското астрономско друштво започнува сериозна иницијатива за изградба на современа национална астрономска опсерваторија во Македонија и најавува формирање на отворена работна група во која ќе можат да се вклучат сите заинтересирани граѓани, студенти, професори, научници, инженери, астрономи, астрофотографи и љубители на науката. Photo by Alex Eckermann on Unsplash   Од друштвото посочуваат дека по повеќемесечна работа на […]

На Урологија презентирана нова метода за откривање микроскопски траги од тумор во крвта


 Нова метода ctDNA (циркулирачка туморска ДНК) – современ пристап кој овозможува откривање на микроскопски траги од тумор во крвта и кога компјутеризираната томографија и магнетната резонанца не покажуваат промени, е презентирана вчера на Универзитетската клиника за урологија, објавија на Фејсбук од таа јавна здравствена установа. Особено значајни резултати, како што се наведува, се покажуваат кај […]

Нови докази во случајот „Пулс“


 Со изведување на материјални докази од Обвинителство, денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Досега, обвинителството презентираше докази за инспекциските надзори за угостителска дејност спроведувани од Општина Кочани. Во доказниот сет беа презентирани извештаи за работа на […]

Се осветлува фудбалскиот стадион во Илинден


Општина Илинден продолжува со реализација на активностите за доградба и модернизација на фудбалскиот стадион во населба Илинден, со цел создавање современи услови за развој на спортот и организирање натпревари според највисоки стандарди. Во рамки на тековните градежни активности започна поставувањето на современ систем за осветлување со над 30 рефлектори, кој ќе овозможи одржување на тренинзи […]

За што се помоли Орце Ѓорѓиевски на Божјиот гроб во Ерусалим? (видео)


Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, присуствува на меѓународниот саем MUNI EXPO во Тел Авив, Израел, посветен на локалната самоуправа, паметните градови, урбаните иновации и управувањето со кризни ситуации. Тој соопшти дека на настанот, на кој учествуваат претставници на градови, институции и компании од повеќе земји, се разменуваат искуства и современи решенија за поефикасно функционирање на […]

Најмногу дожд наврнало во Гевгелија


Од Управата за хидрометеоролошки работи утрово информираа за состојбата со наврнат воден талог за изминатите 24 часа, до 8 часот денеска. Дваесет литри на квадратен метар наврнало во Гевгелија, 14 во Претор, 4 во Тополчани, 3 во Скопје-Петровец, како и 1 во Охрид, Струмица, Штип, Кавадарци. – Дадените вредности за количината на врнежи се измерени […]

„Денови на инклузивна култура и уметност“ во Рамстор Мол испрати силна порака за инклузија и еднакви можности


Во Ramstore Mall во Скопје беше отворена изложбата „Инклузивна уметност“, најголемата групна ликовна изложба на уметници со попреченост во Македонија. Настанот се реализира во рамки на „Денови на инклузивна култура и уметност“, во организација на Abilitist и  Рамстор Мол. Изложбата претставува повеќе од 80 уметнички дела создадени од шест исклучителни уметници со попреченост, кои преку […]

Викендов во Скопје ќе се прска против комарци


  Градот Скопје ги известува граѓаните дека претстојниов викенд, односно на 27.06.2026 година (сабота) и на 28.06.2026 година (недела), во раните утрински часови ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат […]

Нови правила за влез во ЕУ за дел од возачите од 1 јули


Новите правила за меѓународен патен транспорт во Европската Унија стапуваат на сила на 1 јули, со што се донесуваат значајни промени за сопствениците на комбиња и лесни камиони. Според новите прописи, сите лесни комерцијални возила и комбиња со максимална дозволена маса, заедно со приколката, помеѓу 2,5 и 3,5 тони, кои вршат меѓународен превоз на стока, […]

Температури до 38 степени, попладне можно локално невреме


 Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд, засилен ветер и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, […]