ЦУК: Еден пожар активен, еден ставен под контрола, седум изгаснати


На територијата на државата до 18 часот се регистрирани вкупно девет пожари на отворен простор. Од нив, еден пожар е активен, еден пожар е ставен под контрола, а седум пожари се изгаснати. Како што соопшти Центарот за управување со кризи, активен пожар има во Штип каде што гори депонија, а под контрола е ставен пожар […]

Алиу: Во Брисел го потпишавме договорот за учество во EU4Health – европска поддршка за реформите во здравството


Министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со еврокомесарот за здравство, Оливер Вархеј, денеска во Брисел го потпишаа договорот за учество на Република Северна Македонија во програмата EU4Health, најголемата програма на Европската Унија во областа на здравството. На свеченото потпишување, министерот Алиу истакна дека пристапувањето кон EU4Health претставува значаен чекор во европската интеграција на македонското здравство […]

Ќе се отвора Институт „Сервантес“ во Скопје, Давкова доби марама инспирирана од романот „Дон Кихот“


Во пресрет на вечерашното отворање на „Струшките вечери на поезијата“, претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова го прими Луис Гарсија Монтеро, директор на Институтот „Сервантес“ и истакнат шпански поет, придружуван од Рафаел Сориано Ортиз, амбасадор на Шпанија во Скопје. -Во својство на покровителка на фестивалот, таа истакна дека шпанската поезија има посебно место во неговата историја, […]

Левица за проектот „Иловица-Штука“: Злато за корпорациите, отрови за народот


левица смета дека зад правните формулации за „почитување на судската одлука“ и „правна сигурност“ Владата на Мицкоски практично призна дека  повторно се враќа на маса проектот „Иловица–Штука“, а државата повторно го отвора патот за еден од најконтроверзните рударски проекти во историјата на Македонија. „Да, судските одлуки мора да се почитуваат, но Владата нема обврска да […]

Уништени две хемиски гранати со боен отров од Првата светска војна на АП Криволак


 Уништени се две хемиски гранати со боен отров во текот на вчерашниот ден на армискиот полигон Криволак, соопштија на денешната прес-конференција, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов и Ѓорѓи Стефанов, пиротехничар во Дирекцијата. Двајцата укажаа дека евентуалната нивна експлозија во неконтролирани услови може да предизвика штетни па дури и фатални последици по […]

Јанушев под лупа на Антикорупциска од пред две години


Антикорупциската комисијата веќе ги проверувала податоците за имотот на генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, а откако СДСМ дојде пред Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) и побара да го истражи „скандалот и неговата поврзаност со бугарска фирма“, Комисијата ќе го проверува и ова во рамките на истиот предмет. – Државната комисија за спречување на […]

Со линеарните зголемувања пензионерите беа излажани, со методологијата на СДСМ ќе добиеја повеќе пари, вели Филипче


Пензионерите беа излажани од Мицкоски и ВМРО, со методологијата на СДСМ ќе добиеја повеќе пари доколку останеше усогласувањето на пензиите, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес конференција. „Со последните линеарни зголемувања на пензиите во септември 2025 година и во март 2026 година од по 1.000 денари, вкупниот број на пензионери во државата […]

Започна реконструкцијата на улицата „9“ во Илинден


Општина Илинден започна со реализација на еден од позначајните инфраструктурни проекти – целосна реконструкција на улица „9“ во н.м Илинден, делница што претставува важна сообраќајна артерија која секојдневно ја користат голем број граѓани. Станува збор за реконструкција на коловоз во должина од околу 1.100 метри и широчина од 6 метри, како и тротоари од двете […]

МП: Предлогот на Законот за кривичната постапка е објавен на ЕНЕР


Министерството за правда инфомира дека Предлогот на Законот за кривичната постапка е објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР), со што започнува јавната консултација за едно од најзначајните законски решенија во областа на правосудството. Предлог-законот, како што информираат од Министерството за правда, содржи решенија за унапредување на одредбите што се однесуваат на конфискацијата, […]

Вработени на ЈУ Националан парк „Пелистер“ спасија срнче на планината Баба


Вработени во ЈУ Национален парк „Пелистер“ Битола спасија срнче на планината Баба, нападнато од куче бездомник. Од ЈУ Национален парк „Пелистер“ соопштија дека Зоран Пројчевски, раководител на помошно-техничко одделение и ренџерот Неџип Сефедини спасиле мала срна која била нападната од куче бездомник, а подоцна со помош на емитирање на звуци малата срна повторно е вратена […]

Хоџа се пофали со пречистителната станица во Скопје и регионалниот систем за отпад – ни едниот ни другиот проект уште не профункционирале


Mинистерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска го претстави напредокот во реализацијата на клучни проекти од областа на животната средина, пред членовите на мониторинг мисијата на WBIF (Инвестициската рамка за Западен Балкан). Во секторот што го води, министерот ја истакна изградбата на Пречистителната станица за отпадни води во Скопје, како најголем еколошки […]

„Везилка“ ќе го внесе и македонскиот јазик во дигиталната ера


„Везилка“ е почеток на процес кој ќе придонесе за посилна наука, подобра економија и поголеми можности за младите луѓе, и кој ќе помогне земјата да се позиционира онаму каде знаењето е многу значајно и во исто време да ја поддржува иновативноста и да создава услови иднината да се гради дома со домашен потенцијал, домашна експретиза […]

Талески до Тошковски: Велевте „од брат да ми е ќе одговара“ – две години никој не одговара


  Пратеникот на СДСМ, Миле Талески, на собраниската седница за интерпелација на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски порача дека по сите скандали, безбедносни пропусти и трагедии во изминатите две години, Тошковски одамна требаше да си поднесе оставка. „Да имаше право и правна држава, да имаше закон кој што важи за ВМРО, Панче Тошковски одамна […]

„Саубермахер“ присилно ќе наплаќа сметки за комунално одржување во Тетово


По повеќекратни претходни апели и известувања до корисниците за редовно подмирување на обврските, „Саубермахер“ Тетово информира дека во текот на јули 2026 година ќе започне постапка за присилна наплата на доспеаните неплатени обврски преку нотарска постапка. Компанијата која веќе трета година професионално и одговорно ја извршува услугата за собирање и транспорт на комунален отпад од […]

По смртта на градоначалникот Брвеница избира в.д. претседател и оди на предвремени избори


Градоначалникот на Брвеница, Јовица Илиевски, почина вчера. По овој трагичен настан, законот во Северна Македонија јасно ги наведува административните чекори што мора да се преземат за да се избегне блокирање на институционалните процеси. Советот треба да свика итна седница за избор на вршител на должноста претседател. Веднаш по завршувањето на периодот на жалост, Советот на […]

ДЗС: Не ги подигајте старите бомби од Првата светска војна – пријавете на 112!


Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, денеска во 14:00 часот ќе одржи  прес-конференција во просториите на Дирекцијата. Тема ќе биде уништувањето на две хемиски гранати од 75 mm, со екстремно отровен боен отров – неексплодираните убojни средства (НУС) со хемиско полнење од Првата светска војна. Воедно, од ДЗС ги повикуваат граѓаните доколку […]

Со поддршка од НАТО, ЦУК започнува модернизација на системот за управување со кризи


Директорот на Центарот за управување со кризи, г-дин Мухамед Али, официјално го потпиша договорот за реализација на повеќегодишниот проект G10231 – „Интероперабилен систем за командување со инциденти управуван од вештачка интелигенција за прекуграничен одговор при кризни и итни состојби (NICS-2)“, кој се спроведува во рамки на НАТО програмата „Наука за мир и безбедност“ (Science for […]

Отчетот на Јаневска – блескав! Ученици ни за лек!


Образованието и науката се столб на развојот и затоа остануваме посветени на реформите кои ќе обезбедат подобри можности за младите и поконкурентна држава – порача денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска, на прес-конференција во Владата на која даде отчет за сработеното во изминатите две години. Според Јаневска, посветено и одговорно се работело на […]

Центар побара засилена контрола од МВР на детските игралишта


Општина Центар ги обнови детските игралишта кај „Зебра“ во Капиштец и кај КАМ маркет во Дебар Маало, при што дотраените и оштетени реквизити се заменети со нови за  да се обезбедат побезбедни и поквалитетни услови за игра и рекреација на децата. Градоначалникот Горан Герасимовски упати апел за зачувување на урбаната опрема , нагласувајќи дека јавниот […]

Македон со резултат што му отвора врати на престижни американски универзитети


Единаесетгодишниот Македон Димитровски од Македонија постигна исклучителен резултат на американскиот SAT тест – 1440 поени, при што 740 поени освоил по математика и 700 поени по англиски јазик. Станува збор за тест кој е стандардна приемна проверка за запишување на универзитети во САД и се користи за оценување на академската подготвеност на средношколци. Според објавата […]