Десетта фаза прскање против комарци во Скопје по порастот на случаи од западнонилска треска
Град Скопје ја спроведе десеттата фаза од дезинсекцијата против комарци на подрачјето на главниот град, опфаќајки аерсолна и теристичка заштита. Оваа акција доаѓа во период кога во Македонија се потврдени осум случаи на западнонилска треска, а вирусот се шири низ Европа и регионот, каде во соседна Грција се регистрирани четири смртни случаи кај постари лица. Здравствените институции предупредуваат дека комарците се главни преносници и препорачуваат засилени мерки за лична заштита.
Акцијата се одвиваше во текот на ноќните и раните утрински часови. Активностите продолжуваат и утре, согласно Годишната програма, законските обврски и Елаборатот изготвен од Центарот за јавно здравје – Скопје.
Што знаеме за Западнонилската треска ?
Кај најголемиот дел од луѓето кои ќе се заразат, инфекцијата поминува без симптоми или со лесна клиничка слика слична на настинка. Сепак, кај помал процент од инфицираните, вирусот може да предизвика тешки невролошки компликации како менингитис или енцефалитис.
Европскиот центар за спречување и контрола на болести (ECDC) предупредува дека климатските промени и подолгите топли периоди го продолжуваат вегетацискиот период на комарците, што создава услови за побрзо ширење на инфекцијата во повеќе европски земји.