Во половина час два послаби земјотреси во Албанија – почувствувани и во Струга
Два земјотреса со јачина од 2,3 и 2,8 степени според Рихтеровата скала, почувствувани се денеска во Албанија, а потресот го сттија и стружани.
Првиот земјотрес се случи во 11.14 часот, со епицентар на 21 километар од Елбасан, а вториот во 11.50 часот, на 22 км од Елбасан.
Двата земјотреса биле почувствувани и во Охридско-струшкото подрачје.
Земјотрес на истото подрачје беше почувствуан и вчера.