Земјотрес во Албанија почувствуван во околината на Струга


Земјотрес со епицентар во соседна Албанија утрово е почувствуван во Струга и околината со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека епицентарот на земјотресот е на околу 144 километри југозападно од Скопје со Рихтерова локална магнитуда 4. 

Според Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот се случил утрово во 7.52 часот, на 15 километри од Елбасан, а бил со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала.