Работници уништиле пешачки мост во Градски парк во Скопје – пренесувале багер


Граѓани на социјалните мрежи реагираат дека еден пешачки мост во Градскиот парк е целосно уништен, откако работници кои работеле во паркот се обиделе да преку него да пренесат багер.

Но, според сведоштва на граѓаните, даските попуштиле па сега мовчето е целосно уништено.

„Оти паркот не е доволно уништен, ете сега и мостот го искршија со багер кој се обидуваа да го преместат на другата страна и нормално им пропадна“ реагира граѓанин на социјалната мрежа Х.

Фотографијата од овој немил настан е објавена на Икс, каде граѓани коментираа дека пред два дена забележале работници кои со две штици направиле премин преку мостот, но планот очигледно не поминал според очекуваното, па даските попуштиле и се искршиле, со што мостот денес е уништен и вон употреба.