Продолжува трендот на неносење маски, казнети 704 лица 


Во текот на изминатото деноноќие по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 704 прекршоци на територијата на Република Северна Македонија. Министерството за внатрешни работи во денешното соопштение апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19.

Пресечен меѓународен транспорт на дрога, запленети околу 100 килограми марихуанa


На Граничниот премин Ново Село, на излез од Република Северна Македонија, вчеравечер полицијата при преглед на товарно возило „МАН“, со бугарски национални ознаки, управувано од бугарскиот државјанин пронашла 102 пакувања марихуана, скриени во специјално направен бункер. Од МВР денеска информираа дека полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога …

Пресечен меѓународен транспорт на дрога, запленети околу 100 килограми марихуанa Read More »

На кавадарчанка на сила ѝ одзеле златно ланче


Седумдесет и шестгодишната кавадарчанка Д.Е. вчера пријавила во полиција дека женско лице со употреба на сила ѝ одзело златно ланче.   Информацијата за МИА ја потврди портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.   Тој додаде дека се работи на расчистување на случајот.

Во езеро пронајдено телото на исчезнатата 50-годишна прилепчанка


Во водите на прилепското вештачко езеро изутринава е најдено безживотното тело на 50-годишната прилепчанка која исчезна кога излегла од својот дом околу 23 часот на 16 декември. Според Дарко Неданоски, спелеолог и раководител на спасувачката служба „Златоврв“, биле подготвени со чамци и евентуално нуркање во езерото за да ја побараат како една од алтернативите да се …

Во езеро пронајдено телото на исчезнатата 50-годишна прилепчанка Read More »

Прободено лице со нож во ГТЦ – приведен напаѓачот


Едно лице е прободено со нож во подрумските простории на Градскиот трговски центар, јавува Фокус, повикувајќи се информации од МВР. Напаѓачот е приведен од страна на полициските службеници. Засега нема информации за здравствената состојба на жртвата, ниту каде точно бил прободен. Детали за инцидентот се очекуваат во текот на утрешниот ден.

Амерканец осуден на доживотен затвор пуштен по 12 години


Во 2008 година, на Фејт Винслоу во Луизијана, САД му пристапил полицаец во цивилна облека и го прашал дали може да му набави малку марихуана. Винслоу, кој во тоа време бил бездомник, од пријател позајмил велосипед и се вратил за 10 минути со две мали пакетчиња марихуана во вредност од 20 долари. Полицаецот потоа го …

Амерканец осуден на доживотен затвор пуштен по 12 години Read More »

Германски турист нападнал вработен во рент-а-кар


 Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против германски државјанин, кој се товари дека го сторил кривичното дело „тешка телесна повреда“, предвидено и казниво согласно член 131 став 1 од Кривичниот законик. Основното обвинителство денеска соопшти дека нa 12 декември, на бензинска пумпа на автопатот Е75, во близина на клучката кај Кадино, тој со умисла …

Германски турист нападнал вработен во рент-а-кар Read More »

Фатено момче од Крива Паланка, што крадело во населбата Илинден


Во четвртокот, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба го лишиле од слобода Н.В.(21) од Крива Паланка, поради сомнение дека на 1 ноември годинава извршил тешка кражба во куќа во населба Илинден – Скопје.  Н.В. бил приведен во полициска станица, со него  бил извршен разговор и, во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на …

Фатено момче од Крива Паланка, што крадело во населбата Илинден Read More »

Приведен скопјанец баран за убиство


Полициски службеници од ЕВР Ѓорче Петров денеска го приведоа Г.С. од Скопје, кој се барал со потерница од Основното јавно обвинителство Скопје поради сторено кривично дело „убиство“ од чл. 123 ст.2 т.5 од Кривичниот законик. Како што соопшти МВР, лицето е предадено во Затвор Скопје. 

Куп тепачки низ земјава


  Повеќе тепачки се пријавени во Македонија во последното деноноќие, при што настрадале и малолетници, но и биле напаѓани и полицајци. Во вторникот, во 10.50 часот било пријавено дека на подрачјето на Центар, по претходна расправија, Р.М.(44) физички го нападнал В.А.(29), двајцата од Скопје. Во средата пак, во 2.30 часот, А.Ј.(20) од село Љубанци, скопско, …

Куп тепачки низ земјава Read More »

Си префрлила 500.000 денари на трансакциска од туѓа сметка


СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.С.(39) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“. Во текот на октомври и ноември, пријавената во повеќе наврати од мобилиниот телефон на оштетениот Џ.Н., со помош на мобилна апликација, префрлила 518.000 денари на нејзината трансакциска сметка, со што се стекнала со противправна имотна корист.

За 47 отсто е намален бројот на сообраќајки со тешки повреди во државата


Мобилната единица за безбедност во сообраќајот при Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Велес, при што се санкционирани 91 возачи, меѓу кои 11 за возење без возачка дозвола, 14 за управување со нерегистрирано возило, а санкционирани се и седум возила што вршат јавен превоз, соопшти портпаролот …

За 47 отсто е намален бројот на сообраќајки со тешки повреди во државата Read More »

Сведоци од банка и пошта: По повеќе лица доаѓаа одеднаш со уплати за донација за политичка партија


Согласно законот пред неколку години на сметка од физичко на правно лице во кеш можело да се уплатат повеќе уплатници од едно лице, но максимум до 60 илјади денари или 1.000 евра на една уплатница. Такви уплати како донации од повеќе физички лица на име на политичка партија биле обработувани, целосно законити и согласно банкарското …

Сведоци од банка и пошта: По повеќе лица доаѓаа одеднаш со уплати за донација за политичка партија Read More »

Со сослушување сведоци продолжува судењето за „Титаник“


Со сослушување на сведоци предложени од обвинителството денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжува судењето за изборни нерегуларности „Титаник“. Првиот сведок Дејан Златески од Скопје, кој бил член на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека имал донирано околу 20 илјади денари, преку уплатница во банка, но не се сеќава точно кога. Прашан од обвинителот Гаврил Бубески дали …

Со сослушување сведоци продолжува судењето за „Титаник“ Read More »

Запленети 100 килограми марихуана, тројца приведени


 Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во соработка со Одделот за специјални полициски операции, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал .СВР Велес и СВР Скопје во текот на вчерашниот ден по добиени оперативни сознанија односно претходно спроведена истрага во врска со камион …

Запленети 100 килограми марихуана, тројца приведени Read More »

Продолжува судењето за „Титаник“


Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето за случајот „Титаник”. Овој судски предмет иако е едно од првите обвиненија поднесени од поранешното СЈО, се уште е во фаза на доказна постапка. Обвинението за „Титаник“ го застапенува обвинителката Лиле Стефанова. Освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, во „Титаник“ обвинети се и Кирил …

Продолжува судењето за „Титаник“ Read More »

Обвинителен акт против девет лица за перење на над девет милиони евра


 Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд – Скопје достави обвинителен акт против девет лица. На обвинетите К.С., Т.Г. и Р.Д им се става на товар дека сториле продолжено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.4 вв со ст.3 в.в ст.1, а заедно со …

Обвинителен акт против девет лица за перење на над девет милиони евра Read More »

„Нападнат“ службениот автомобил на Артан Груби пред Собранието


Пред Собранието, вчера околу 12 часот, 38-годишна жена го искршила ветробранското стакло на службениот автомобил во кој се вози првиот потпрeтседател на Владата, Артан Груби.Според Министерството за внатрешни работи, станува збор за 38-годишната В.Ј. која веднаш по инцидентот била приведена. Груби изјави дека тој не е повреден бидејќи во тоа време присуствувал на собраниската седница, …

„Нападнат“ службениот автомобил на Артан Груби пред Собранието Read More »

Македонец треба да плати сметка од 14.000 евра за помош на автопат во Словенија


Македонски камионџија треба да плати 14 илјади евра откако минатата недела се излизгал на неисчистен автопат близу словенечкото гратче Тројане и го блокирал сообраќајот речиси шест часа, објави словенечкиот портал „Сиол“. Критичната вечер камионот на Емса Шпед од Неготино се излизгал и ги затворил сите три ленти на автопатот, при што била дозволена да се …

Македонец треба да плати сметка од 14.000 евра за помош на автопат во Словенија Read More »

Приведени четворица за крадење од банкомати


Во неделата, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за општ и насилен криминал во координација со ОВР Кичево и ЕВР Ѓорче Петров, по претходно обезбедена судска наредба, на подрачјето на општина Сарај, во с. Долно Свиларе извршени се повеќе претреси, при што се пронајдени муниција и пшредмети поврзани со извршени кривични дела. Приведени …

Приведени четворица за крадење од банкомати Read More »