Амерканец осуден на доживотен затвор пуштен по 12 години


Во 2008 година, на Фејт Винслоу во Луизијана, САД му пристапил полицаец во цивилна облека и го прашал дали може да му набави малку марихуана.

Винслоу, кој во тоа време бил бездомник, од пријател позајмил велосипед и се вратил за 10 минути со две мали пакетчиња марихуана во вредност од 20 долари.

Полицаецот потоа го уапсил Винслоу, а бидејќи имал три претходни казнени дела (провалил во деловен простор кога имал 17 години, провалил во возило кога имал 27 години и поседувал кокаин кога имал 36 години) поради продажба на канабис добил доживотна казна затвор.

Винслоу во средата беше пуштен на слобода откако сите негови адвокати успеале да ја променат пресудата на 12 години кзана, која веќе ја отслужил, пишува Си-ен-ен.

„Во Луизијана има стотици кои одлежуваат доживотна казна за ненасилни злосторства“, вели Џи Парк, адвокат на Винслоу и директор на организацијата Innocence Project New Orleans (IPNO).

„Ако сме го осудиле Винслоу на доживотен затвор само затоа што можеме, тоа не значи дека било уставно, легално и хумано. Доби прекумерна казна со оглед на неговите животни околности и казненото дело“, додава тој.

Со оглед на тоа дека 15 американски држави и Вашингтон го легализираа канабисот за рекреација, оваа дрога во САД стана индустрија вредна милијарда долари иако според сојузниот закон таа се уште е илегална.

Додека државите ја легализираат рекреациската употреба на марихуаната, се повеќе затвореници повикуваат на бришење на казните позврзани со канабисот. На пример, американската сојузна држава Илиноис, по легализирање на канабисот во 2019 година за 770.000 луше ги избриша казнените дела поврзани со марихуаната.