Прободено лице со нож во ГТЦ – приведен напаѓачот


Едно лице е прободено со нож во подрумските простории на Градскиот трговски центар, јавува Фокус, повикувајќи се информации од МВР.

Напаѓачот е приведен од страна на полициските службеници.

Засега нема информации за здравствената состојба на жртвата, ниту каде точно бил прободен. Детали за инцидентот се очекуваат во текот на утрешниот ден.