На кавадарчанка на сила ѝ одзеле златно ланче


Фото: Б. Грданоски
Седумдесет и шестгодишната кавадарчанка Д.Е. вчера пријавила во полиција дека женско лице со употреба на сила ѝ одзело златно ланче.
 
Информацијата за МИА ја потврди портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
 
Тој додаде дека се работи на расчистување на случајот.