Приведени тројца разбојници од Арачиново, пронајдена и дрога


Денеска, полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа Г.М. (40), Х.А.(19) и Е.Н. (23) од Арачиново, поради основано сомнение дека се сторители на три разбојништва и три одземања на моторни возила во перидот од декември 2020 до февруари 2021 година. Кај трите лица извршен е претрес на дом и други простории при што пронајдени се: […]

Судењето за ,,Титаник” продолжува на 17 мај


Судењето за случајот „Титаник” денеска продолжи со изведување на докази. Обвинителката Лиле Стефанова, побара од судот да се изведе исказ од сведок кој во меѓувреме починал. Следното рочиште за овој случај е закажено за 17 мај, за кога се повикани повеќе сведоци. Денешното рочиште за овој случај е прво после два месеца пауза. Поголемиот дел […]

Загина младо момче по пад од балкон во Охрид


Младо лице на 25-годишна возраст утрово смртно настрада при пад од балкон од трети кат на зграда на улицата „Гоце Делчев“ во населбата Воска, во Охрид. Случајот е потврден од полицијата која изврши увид на самото место, додека екипата на Службата за итна медицинска помош само ја констатирала смртта. Според првичните информации, станува збор за […]

Апелација ќе расправа за жалбите за затворските казни за Јовановски и Јанева


Апелацискиот суд во Скопје денеска на седница треба да ги рагледа жалбите за првостепената пресуда за случајот „Рекет“ со која Бојан Јовановски – Боки 13 е осуден на девет, а поранешната специјална обвинителка Катица Јанева на седум години затвор. Апелација може да ги потврди казните со што би станале правосилни, или предметот да го врати […]

Ново рочиште за ,,Титаник” по две месецa пауза


По два месецa одлагања и неодржани рочишта, денеска во Кривичниот суд Скопје е предвидено да продолжи судењето за случајот „Титаник”. Предметот за изборните нерегуларности од 2011, 2012 и 2013 година се уште е во фаза на доказна постапка. Судењето го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Лиле Стефанова. Освен поранешниот […]

Малолетници нападнале полицајци


Во саботата, во 21.40 часот на подрачјето на Центар од полициски службеници од СВР Скопје бил приведен малолетник од Скопје, затоа што физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејства. Истиот ден, во 21.30 часот на подрачјето на Центар од полициски службеници од СВР Скопје бил приведен малолетник од Скопје, затоа што се однесувал агресивно […]

Менкиноски: Белешката од АНБ е единствен доказ за притворот на Камчев


Адвокатот Тони Менкиноски денеска на прес-конференција рече дека не е вистина тврдењето на јавниот обвинител за организиран криминал Вилма Рускоска дека белешката од Агенцијата за национална безбедност не е доказ во постапка во која е притворен Јордан Камчев. Менкиновски кажа дека според сите решенија на судот со кои е ограничена слободата на Камчев, експлицитно еден […]

Полицијата во Скопје казнила 121 возач, повеќе од половината за брзо возење


На територијата на град Скопје изречени се вкупно 121 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 64, седум за возење без возачка дозвола, 4 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли. МВР денеска соопшти дека се изречени и пет санкции за користење мобилен телефон, две за минување на затворен сигнал (црвено светло), една […]

Тепачки низ цела Македонија


  Повеќе тепачки се пријавени во полиција во изминатото деноноќие, а една жена нападнала и полицајци. Во СВР Велес вчера во 14.30 часот Д.Д.(43) од Велес пријавил дека во близина на автобуската станица во Прилеп бил физички нападнат од две лица. Во 21.30 часот било пријавено дека во с.Љубанци, скопско, по претходно меѓусебно недоразбирање, бил […]

Во Вардар кај Велес најден човечки труп


Во соопштението од МВР стои дека вчера во 11.50 часот било пријавено дека во Велес, во водите на реката Вардар, во близина на Нов мост, бил пронајден човечки труп, кој бил извлечен од реката. Извршен бил увид на местото од страна на увидна екипа од СВР Велес. По наредба на Јавен обвинител телото е предадено […]

Ангеловски: Намален бројот на сообраќајни незгоди и жртви во 2021 година


Министерството за внатрешни работи продолжи со спроведување на засилени акциски контроли на делницата од Штип до Берово. Како што истакна портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, на прес – конференција во Делчево, во текот на вчерашниот ден санкционирани се 133 возачи поради возење со брзина поголема од дозволената. – Од овие санкции, 117 се надвор од […]

Полицискиот час го прекршиле 21 лице, 372 санкции за неносење маска


 Од 23.00 часот (07.05.2021) до 5 часот (08.05.2021) полицискиот час не го почитувале 21 лице. Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 372 прекршоци. Министерството за внатрешни работи во денешното соопштение апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени […]

Полицијата во Скопје изрекла 129 сообраќајни прекршоци, 32 за брзо возење


На територија на град Скопје полицијата вчера изрече вкупно 129 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 32, една за возење без возачка дозвола, 14 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, соопшти МВР. Изречени се десет санкции за користење мобилен телефон, две за минување на затворен сигнал односно црвено светло, три санкции […]

Најдени двајца починати во нивниот дом во Скопје


  Во четвртокот, во 17.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во сопствениот дом на ул.„Босна и Херцеговина“ биле пронајдени починати А.М.(58) и С.М.(57). Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телата на починатите биле предадени во Институтот за судска медицина на обдукција.

Неготинец загина откако се превртел со трактор


Утрово во 7.40 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека на локалниот пат Неготино – с.Курија, Т.П.(58) од Неготино, управувајќи трактор, изгубил контрола, се превртел и починал на местото на незгодата. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Увид бил извршен […]

Во близина на мостот „Гемиџии“ во Велес извлечен човечки труп од реката Вардар


 Во близина на мостот „Гемиџии“, во реката Вардар денеска околу пладне бил пронајден човечки труп за што било пријавено во СВР Велес, кои со асистенција на пожарникарите од ТППЕ Велес го извадиле телото од реката. Еден од пожарникарите кој учествувал во неговото извлекување за МИА информира дека трупот бил во поодмината фаза на распаѓање. По […]

Во тетовско Ново Село повредено девојче откако во неа удрило возило


Малолетно девојче беше повредено вчера откако во неа удрил 53-годишниот Е.И. од Ново Село кој управувал возило „фолксфаген голф“ со тетовски регистарски ознаки. Незгодата се случила на локалниот пат што ги поврзува тетовско Ново Село и Боговиње. -Повреденото девојче пренесено е во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош. На местото на незгодата увид […]

Две години и пет месеци затвор за седмата обвинета која призна вина во случајот „Двојник“


Судот и изрече казна затвор од две години и пет месеци на уште една од обвинетите вработени во МВР за издавањето на пасоши за случајот „Двојник“, која претходно денеска призна вина на денешното рочиште пред Основниот кривичен суд во Скопје. Оливера Софрониевска е шестта, од првично десетте обвинети вработени во МВР, на кои Судот им […]

Изречена казна затвор за уште еден обвинет, кој призна вина во случајот „Двојник“


 Основниот кривичен суд во Скопје изрече казна затвор од една година и седум месеци на уште еден од вработените во МВР за издавање на пасоши во случајот „Двојник“, кој призна вина на денешното рочиште. Обвинетиот Шемседин Јашари е петтиот вработен во МВР кој призна вина за делото, откака на минатото рочиште вина признаа четворица негови […]

Приведена кичевчанка поради пронајдена дрога


Полициски службеници од Полициската станица Кичево синоќа ја лишиле од слобода Љ.М.(26) од Кичево. При претрес во нејзиниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Како што соопштија од МВР, при вршење на претресот, Љ.М. физички нападнала полициски службеник. Таа била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против […]