Осомничениот за криумчарење мигранти, кој избега утрово е фатен


Приведено лицето кое утринава и избега на полицијата, додека беше спроведувано до Кривичниот суд за одржување на судски процес, информираат од Министерството за правда за ТВ21. Станува збор за лице осомничено за криумчарење на мигранти и кое од притвор било спроведено до судот. Основниот Кривичен суд Скопје во однос на одредени медиумски натписи дека „Осомничено […]

Отпад од Инфективната клиника се фрлал во заштитена зона


СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Ј.С. од с. Шишево, општина Сарај и против правно лице од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“, казниво по член 230 став 1 од Кривичниот законик. Првопријавениот, во својство на […]

Обвинение за сопственичката на „Диамед“ за продажба на центрите за дијализа


По спроведена повеќемесечна истражна постапка, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд – Скопје достави обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 5 во врска со став 3 во врска со […]

Малолетна велешанка тепала своја врсничка, викната во полиција


Дванаесетгодишна велешанка физички нападнала малолетно девојче на возраст од 11 години, додека тоа и се јавувало на телефон на мајка и и барало помош. Други девојчиња наместо да му помогнат на нападнатото девојче го снимале вознемирувачкиот настан, а  видеото се шири на социјалните мрежи. Случајот во полиција бил пригјавен вчера, а се случил 17-ти овој […]

Предлог-казни од по 2.000 евра за шест лица за непочитување на полицискиот час


Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против шест лица за кривичното дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик, соопштија ОЈО Скопје. – Обвинетите, спротивно на прописите со кои е определена забрана за движење на населението во периодот од 20 до 05 […]

Покренато обвинение за случајот „Диамед“


По  повеќемесечна истражна постапка, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд – Скопје достави обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 став 5 во врска со став 3 во врска со став 1 и кривично дело „перење […]

Ја избодел сопругата со нож додека биле на гости кај пријатели – Обвинителството го истражува убиството во Струга


Телото на починатата стружанка што синоќа со нож ја уби сопругот, ќе биде дадено на обдукција, соопшти денеска Јавното обвинителство. Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Струга извршил увид во станот во Струга каде била лишена од живот жена на возраст од 34 години. – Според првичните сознанија, по претходна меѓусебна расправија, сопругот […]

Си ја убил сопругата во Струга, па се обидел да се самоубие


 Сопруг со повеќе убоди од нож ја убил својата пет години помлада партнерка, вечерва во Струга, а потоа се обидел да се самоубие. Информацијата ја потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, според кој, жената им подлегнала на повредите на местото, а мажот е пренесен во болница во тешка состојба. – Во 19 часот и […]

Охриѓанец наместо да добие наследство изгубил 4.500 евра


Жител на Охрид е жртва на измама преку социјалните мрежи, во обид да се стекне со фиктивно наследство изгубил 4.500 евра. Пред два дена тој во охридската полиција пријавил измама сторена на 1 март годинава преку социјалната мрежа „Фејсбук“. Преку порака што ја добил од профил на социјалната мрежа бил известен дека е добитник на […]

Mерки за претпазливост и за останатите две лица опфатени со истрагата за набавка на софтвер


Основниот кривичен суд во Скопје го прифати предлогот на Јавното обвинителство и на останатите две лица опфатени со истрагата за набавка на софтвер, им определи мерки на претпазливост. Од судот информираат дека денеска двете лица биле повикани пред судија на претходна постапка при Кривичниот суд, да се прoизнесат во однос на предлогот. – По нивно […]

Сослушани сведоци на одбраната за протестите за ,,Монструм”


Со сослушување на сведоци предложени од одбраната, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи судењето за случувањата од 26 февруари за време на протестите за случајот „Монструм”, против обвинетите Фабион Идризи и Артон Садики. На прашање на адвокатот Асмир Алисшахиќ, каде биле дента на 26 февруари, првиот сведок рече дека на 26 февруари со […]

Припадник на Армијата се здобил со прострелна рана при воени вежби на полигонот „Криволак“


 Припадник на Армијата вчера околу 13 часот се здобил со прострелна рана од пиштол во пределот на стапалото при воени вежби на воениот полигон „Криволак“. Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека случајот е пријавен вчера во 13:45 часот во полициската станица во Неготино. Повредениот е пренесен во Општата болница Кавадарци, а увид на местото […]

Кривични пријави за три лица и правниот субјект што исфрлија шут и земја во Охридското Езеро


Три лица и правен субјект заработија кривични пријави поради сомневање дека се сторители на казнено дело „узурпација на недвижности“ во заштитената зона на брегот на Охридското Езеро. Станува збор за Н.З.(59) од Охрид, Н.И.(51) од Струга и Р.Б. (47) од Охрид, како и против компанијата „Нефи ИК“ со седиште во Охрид. Според полицискиот записник, првопријавениот, […]

Косово се уште без одговор дали ќе го екстрадира Африм Исмаиловиќ и покрај дадените гарации од македонска страна за повторено судење


Иако македонските власти дале гаранции дека на Африм Исмаиловиќ, осуден на доживотен затвор во процесот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковското Езеро, ќе му се суди во присуство, Косово се уште не одговорило позитивно на барањето за екстрадиција на осуденикот. Портпаролот на Министерството за правда Александар Видиновски за МИА изјави дека косовската страна побарала гаранции […]

Дебранец починал од труење со плин


Четириесет и три годишен дебранец починал како последица од труење со плин. Тој се затрул пред неколку дена но одбил да се јави на лекар. -Во 9:45 часот во текот на вчерашниот ден, во Секторот за внатрешни работи во Охрид од Општата болница со проширена дејност во Дебар, пријавено е дека на ургентното одделение, бил […]

Ангеловски: На подрачјето на СВР Штип санкционирани 106 возачи


На патиштата во источниот регион, кои се на територијата на СВР Штип изречени се 106 санкции за возачите. Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски на денешната прес-конференција во Штип рече дека само 45 се за возење со брзина поголема од дозволената. – Овие засилени акциски контроли продолжуваат и денеска и во наредните денови со цел намалување […]

Обвинителството ќе ја обжали одлуката за куќен притвор за Рашковски


Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција најави дека ќе ја обжали одлуката на Основниот кривичен суд Скопје за изречениот куќен притвор за поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски осомничен во случајот за јавна набавка на софтерот за сообраќајни прекршоци. – Одреден е куќен притвор. Не е уважен предлогот на Обвинителството да биде определена […]

Агентот за недвижности што продаваше еден стан на тројца, остана без пасош


Обвинителството поведе постапка за агентот за недвижности за кој пишуваше МИА, за продолжено кривично дело – Измама, при што за него ќе биде поднесен Предлог за определување мерки на претпазливост – обврска повремено да се јавува кај определено службено лице во Судот, привремено одземање на патната исправа и забрана за издавање нова, како и забрана […]

Пронајдена почината жена во куќа во Охрид


Во полицијата во Охрид вчера во 14.35 часот било пријавено беживотно тело на жена во куќа на улицата „Даме Груев“. Полицијата извршила увид во присуство на јавен обвинител и медицинска екипа при што е констатирано дека се работи за Љ.Т. (85) од Битола. Од извршениот увид од страна на лекар на Службата за итна медицинска […]

Лишен од слобода агентот што прадаваше ист стан на повеќе купувачи


Агентот за недвижности, кој со капар од 32 илјади евра оштети повеќе купувачи, утрово е лишен од слобода. Единицата за економски и компјутерски криминал, по наредба на надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство, го лишила од слобода лицето против кого беа поднесени неколку кривични пријави од страна на оштетени граѓани за сторено кривично дело измама. […]