Пресечен меѓународен транспорт на дрога во вредност од 200.000 евра, приведени тројца албански државјани


Пресечен e меѓународен канал на транспорт на наркотична дрога од  Албанија, низ Северна Македонија, која требало да заврши во Грција, како крајна дестинација. Како што информираат од МВР, транспортот бил спречен во текот на вчерашниот ден од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни […]

Ново рочиште за „Меѓународен сојуз”


Судењето за невладината организација „Меѓународен сојуз”, каде заедно со основачот Бојан Јовановски, обвинети се уште четири лица, продолжува денеска со сослушување на сведоци на одбраната. На денешното рочиште е најавено сведочење на Нина Старделова, Стефан Богоев и Наташа Петровска. Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Софче Гаврилова Ефремовска, а застапник на […]

Пронајдено беживотно тело во сепарација во Гази Баба


Вчераутро, околу 7.20 часот во СВР Скопје, С.Д.(21) од Скопје пријавил дека околу 5.30 часот на подрачјето на Гази Баба, додека бил заедно со А.Н. и Ф.Н., забележале безживотно тело во водите на сепарацијата. Од лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт, без траги насилство, а телото било извадено и предадено на Судска медицина […]

Пријава за свршувачка во Куманово – недозволена во време на пандемија


СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ш.Б. и В.Б., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Имено, четири дена пред Нова година, пред семејна куќа на пријавените била организирана семејна прослава по повод свршувачка на второпријавениот, а на која присуствувале околу 30 луѓе, со што […]

Членот на Судски совет Зоран Теофиловски тврди дека е жртва на монтирано обвинение


 Членот на Судскиот совет, Зоран Теофиловски, обвинет за кривично дело „злоупотреба на службена должност и овластување”, во случајот за Тениско спортско здружение Љуботен Тетово, изјави дека воопшто не се чуствува виновен и посочи дека станува збор за монтирано обвинение. – Имам докази за сите, сите ќе бидете изненадени по чиј налог тоа се прави, рече […]

Четворица им влегле дома, ги тепале домаќините и уништувале покуќнина


Денеска, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода С.В.(21), П.Ѓ.(19) и С.М.(26), сите од нас.Илинден, постапувајќи по пријава според која во 01:45 часот, заедно со Н.П.(26), со употреба на сила влегле во домот З.П.(52) во нас. Илинден. Тие почнале да ја оштетуваат покуќнината и физички ги нападнале З.П., К.П. и Л.П.. Според пријавеното, […]

Судењето за „Титаник“ продолжува на 20 мај


Следното рочиште за случајот „Титаник“ е предвидено да продолжи на 20 мај. Дел од сведоците предложени од обвинителството при денешното сведочење истакнаа дека немаат никакви сознанија за финансирање на политичките партии и дека никогаш не уплатиле средства за партијата. Судскиот процес за овој предмет е уште во фаза на доказна постапка. Судењето за овој предмет […]

Тешка сообраќајка во Куманово, повредени повеќемина


Вчера околу 17.50 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од бул.„Трета македонска ударна бригада“, ул.„Бранко Богдански Гуцман“ и пат за с.Проевце се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „цитроен“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.П.(72) од Куманово, во кое сопатник бил Л.П.(68) од Куманово и патничко возило „опел астра“, со кумановски регистарски […]

Судар на трактор со мотор, настрада моторџијата


Вчера во 14 часот во Полициска станица Радовиш било пријавено дека на магистрален пат Радовиш – Штип, во населба Дамјан, радовишко, се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „кавасаки нинџа“, со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од П.Д.(43) од Гевгелија и трактор „имт 539“, со радовишки регистарски ознаки, управуван од Б.Т.(59) од с.Дамјан. Во незгодата со тешки […]

Бездомник починал на улица „Македонија“


Во саботата во 10.15 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош било пријавено дека на ул.„Македонија” било пронајдено починато машко лице. Полициски службеници констатирале дека починатиот е Б.К., кој повремено го посетувал пунктот за бездомници на Црвен крст. По наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.

Гостиварец најден мртов на работното место


Во саботата, во 7.15 во СВР Тетово било пријавено дека на работно место во фирма во Гостивар бил пронајден починат Ј.Г.(58) од Гостивар. Екипа на Итна медицинска помош констатирала смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.

Во сообраќајка во Велес повредени и малолетници


На 15.05.2021 околу 17.30 часот во СВР Велес било пријавено дека на регионалниот пат Велес-с.Извор се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, со велешки регистарски ознаки, управувано од А.М.(31) од Велес и товарно возило „мерцедес“, без регистарски ознаки, управувано од Р.К.(60) од с.Баница, струмичко. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот […]

Судар на камион и автомобил, повеќе повредени


На 15.05.2021 во 14.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Александар Македонски“, ул.„Интернационални бригади“ и ул.„16. Македонска бригада“ се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „мерцедес бенз“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Н.(67) од с.Теранци, кочанско, и патничко возило „даихатсу сирион“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Д.(77) од Скопје. […]

Седумдесет и осум возачи во Скопје возеле побрзо од дозволеното


 Седумдесет и осум возачи во Скопје се санкционирани во текот на вчерашниот ден за брзо возење. Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека изречени се вкупно 166 мерки од кои 78 за возење над дозволената брзина, пет за возење без возачка дозвола, пет за користење на мобилен телефон за време на возење и пет за […]

Изгаснат пожар во куќа во Скопје, повредени двe лица


 Во СВР Скопје вчера било пријавено дека на улицата „Индира Ганди“ настанал пожар во куќа сопственост на Н.В.(36), при што била опожарена една соба и влезот од куќата. Како што соопштија од МВР, во пожарот со повреди се здобиле Н.В. и К.Џ.(40) и биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде им биле констатирани […]

Претрес во Гази Баба, приведен дилер на дрога


 На подрачјето на Гази Баба вчера полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.И.(32) од Скопје. При претрес во неговиот дом и други простории, извршен по добиена судска наредба од Кривичен суд Скопје, биле пронајдени и одземени марихуана и вага. Како што информираат од МВР, Б.И. е приведен во […]

За два дена втор повреден малолетник пешак, уште еден апел од СВР Тетово за поголема внимателност


 Тетовската полиција бележи повреден пешак малолетник и вчера, што претставува втор случај за два дена откако и во средата, седумгодишно девојче пешак беше повредено во  сообраќајка. Вчера околу 18 часот и 50 минути, на локалниот пат во тетовско Рогле, патничко моторно возило „Ауди А4“ со тетовски регистарски ознаки управувано од 22-годишниот М.А. од ова село, […]

Двајца возачи и двајца сопатници повредени во сообраќајка во Ченто


 Двајца возачи и двајца сопатници се повредени во сообраќајна несреќа што вчера во 19:57 часот се случила на крстосницата од улиците „Методија Андонов Ченто“  и „Маџари“ во скопската населба Ченто меѓу две патнички возила и едно товрано возило. Како што информира МВР, во сообраќајна незгода учествувале патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, управувано од […]

Лажна вест е наводната престрелка во Ченто  


Дел од порталите, вечерва шират лажни вести за наводна престрелка во скопската населба Ченто и дури лицитираат со повеќе убиени, соопштија вечерва од Министерството за внатрешни работи.   МВР апелира до граѓаните да не наседнуваат на вакви подметнувања и да не веруваат на лагите кои ги пласираат овие портали туку да се информираат од професионалните […]

Попладнево во Велес и велешко две сообраќајки


Попладнево на улица „Димитар Влахов“ во Велес во сообраќајка повредено е 21 годишно момче во директен судар на автомобил и мотор, потврди за МИА портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски.   Поради сериозноста на повредите, со возило на Итната помош повредениот бил транспортиран во Хирушкото одделение во Општа болница во Велес. Пред еден час на патот […]