Поведена постапка заради трговија со дрога​


Поради „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, Основното јавно обвинителство – Битола, донесе наредба за спроведување истрага против лице од Битола со моментално престојувалиште во Ресен за кривично дело, информираат од Основно јавно обвинителство – Скопје.

Како што стои во соопштението од ОЈО, сомничената на 6 јуни 2021 година, околу 19 часот, во Ресен, неовластено заради продажба држела кај себе една најлонска кеса со наркотична дрога – хероин со нето маса од 29,68 грама, која била пронајдена и откриена при извршен преглед од страна на полициски службеници од ОВР Ресен. ​

До надлежниот суд поднесен е предлог за определување мерка ќуќен притвор за осомничената.