(Во живо) Завршни зборови на одбраната во случајот ,,Тортура”


Одбраната и обвинетите во случајот ,,Тортура”, каде обвинет е и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, денеска во Кривичниот суд Скопје, ќе ги дадат завршните зборови. На последното рочиште јавниот обвинителот Љубомир Лапе побара затворски казни за обвинетиот Мијалков и шесте припадници на единицата Алфа, кои се товарат дека во 2011 година на нечовечки и […]

Малолетник тешко повреден во сообраќајка во Пинтија


Малолетник од Скопје, кој управувал електричен тротинет „хамачи“ е тешко повреден во сообраќајќа што се случила вчера во скопската населба Пинтија. Како што соопшти денеска МВР, сообраќајката се случила синоќа, околу 18.30 часот на крстосница од улицата „Саса“ и улицата „Јабланица“ во населба Пинтија, меѓу патничко моторно возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано […]

Во Скопје над 36 отсто од казнетите возеле побрзо од дозволеното, над 5 отсто без возачка дозвола


На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 217 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 79 санкции (или нешто повеќе од 36 отсто), а 11 (околу 5 отсто) за возење без возачка дозвола. Од МВР соопштија дека се изречени четири санкции за користење мобилен телефон и 15 […]

Пронајден хероин, кривична пријава против три лица


Поднесена е кривична пријава против три лица од Скопје кај кои при претрес над нив пронајдени се 60 грама хероин и марихуана. Од МВР соопштија дека во село Кадрифаково, светиниколско од полициски службеници од ПС за БПС Штип биле лишени од слобода М.Ф.(27), Ф.Р.(40) и Љ.И.(25), сите од Скопје, бидејќи при извршен преглед над нив […]

Прилепчанец пријавил полов напад врз неговото дете


 Жител од прилепско село вчера пријавил дека постои основано сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз малолетник“, извршено врз неговото дете, информира Министерството за внатрешни работи. Според информациите на МВР, таткото пријавил во полиција по кажување на детето дека на точно неутврден датум, И.Н. помогнат од уште едно лице, од село Црниште извршиле полов […]

Двајца повредени во сообраќајка во Кичево


Две лица се здобиле со телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера на улица „Гоце Делчев“ во Кичево. Сообраќајката се случила меѓу патничко моторно возило „БМВ“ со гостиварски регистерски ознаки, управувано од А.А.(48) од гостиварското село Врапчиште и „Рено Клио“ со кичевски регистерски ознаки управувано од Л.Б(.54) од село Колибари, Кичевско. -При оваа […]

Сопатничка и тинејџер настрадаа во сообраќајка во Кумановско


  Во саботата, околу 16.15 часот на регионален пат Куманово-Липково се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фоксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.А.(18) од с.Липково, Кумановско и патничко моторно возило „фоксваген венто“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.К.(35) од с.Лопате, Кумановско и сопатничка Љ.К.(32) од с.Лопате. Во незгодата, со тешки […]

Овчар од Албанија обвинува дека го чуваат како заложник во гостварско Топлица


Жител на селото Џир, кај албанскиот град Либражд обвинува дека веќе четири месеци го чуваат во заложништво во селото Топлица, гостиварско. -Џевахир Хоџа, е еден од многуте Албанци, кои одлучиле да работат во кој било сектор, надвор од Албанија, за да обезбедат колку толку приходи за семејствата. Но, и покрај напорната работа како овчар, за […]

Во две одделни сообраќајки настрадаа двајца пешаци


Во две одделни сообраќајни незгоди во Скопје и во Охрид, прегазени се двајца пешаци, кои завршиле во болница. Во петокот, околу 20.45 часот во Скопје пред хотел на крстосница од ул.„Филип Втори Македонски“ и ул.„Кеј 13-ти Ноември“, патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Л.(30) од Скопје, удрило во Е.Б.(49) од Скопје. […]

Приведени две лица во Тетово барани со потерница


Две лица од Тетово барани со потерница за издржување затворска казна утрово се приведени од страна на полициски службеници од Полициската станица Тетово. – На 22 мај 2021 во 7:30 часот од страна на полициски службеници од ПС-Тетово се приведени Х.Ф. од Тетово, кој се барал со потерница за издржување на казна затвор во траење […]

Казнети 390 граѓани за неносење маска


Во текот на вчерашниот ден до 4 часот утринава на територијата на државава казнети се 20 граѓани кои се движеле за време на полициски час. Како што соопшти МВР, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 390 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира граѓаните да ги […]

Растурена домашна забава во Скопје, приведени 28 лица


Полициски службеници од Полициската станица Центар и Одделение за криминалистички работи Центар и Бит Пазар ноќеска во 3 часот на подрачјето на Центар привеле 28 лица поради постоење основано сомневање за сторено кривично дело „непостапување според здравествените прописи за време на епидемија“. – Постапувајќи по претходна пријава, а по обезбедена наредба од Судија на претходна […]

Затворен угостителски објект во Аеродром, приведени девет лица


 Полициски службеници од СВР Скопје во координација Државен пазарен инспекторат синоќа околу 23.10 часот извршиле контрола во угостителски објект во  трговски центар на бул.„Јане Сандански“ во општина Аеродром, при што утврдиле дека во затворениот дел од објектот има девет лица, меѓу кои и двајца вработени во МВР кои одбивале да се легитимираат. –Станува збор за […]

Момче се удави во Радика


Помлад жител на долнореканското село Ростуше го загуби животот со давење во водите на Радика. Телото било извадено во близина на селото Јанче. Според СВР Тетово, вчера во попладневните часови (19.05.2021 во 17.00) часот во Полициското одделение Ростуше било пријавено дека по течението на реката Радика, на место викано „Влог“, општина Маврово и Ростуше, било […]

Мијалков останува во притвор, судот ја одби гаранцијата од 11 милиони евра


Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот Кривичен суд – Скопје го одби како неоснован предлогот на одбраната на Сашо Мијалков за укинување на мерката притвор со понудена гаранција од речиси 11 милиони евра. Предлогот е одбиен и покрај позитивното мсилење од Обвинителството за прифаќање на понудената гаранција за пуштање на […]

Почина и втората жртва на престрелката во Бутел


Почина 24-годишното момче кое се бореше за живот по престрелката која пред точно една недела се случи во скопски Бутел, јавуваат повеќе медиуми. Во пукотниците кои минатата среда ги вознемирија скопјани, загина Камер Идризи, а неговиот внук се бореше за живот на КАРИЛ. Во возилото марка „голф“ испукани беа 80 куршуми од автоматско оружје. Во […]

Почина 27-годишен работник


Во понеделникот, околу 14 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека во с.Николиќ, гевгелиско, додека извршувал работни задачи во фирма каде бил вработен, Б.Н.(27) се здобил со повреди и починал на местото. Лекар констатирал смрт, а увид извршила екипа од ОВР Гевгелија.

Одбраната во ,,Меѓународен сојуз” одби да му поставува прашања на Стефан Богоев


 Неприфаќањето на предлогот на одбраната, пред сослушување на градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев како сведок, да бидат изведени материјални докази, беше причина што одбраната на обвинетите во случајот ,,Меѓународен сојуз” не му постави прашања на сведокот Богоев. Одбраната на првообвинетиот Бојан Јовановски, адвокат Сашо Дуковски, откако судијката Софче Ефремова, одлучи да не го прифати […]

Жител на Струшко пронајден мртов до превртен автомобил


Седумдесет и шест годишен жител на струшкото село Ливада пронајден е мртов во близина на превртен автомобил во атарот на селото Делогожда.  СВР Охрид информира дека вчера во 19 часот и 40 минути во Одделението за внатрешна контрола – Струга било пријавено превртено возило марка „Нисан примера“ со струшки регистарски ознаки на шумски пат во […]

Директорката на МАА сведочеше во ,,Меѓународен сојуз”


Директорката на Македонска авторска агенција, (МАА) Нина Старделова, денеска беше сослушана како сведок во предметот „Меѓународен сојуз”.  Предложена од одбраната таа објаснуваше како функционира агенцијата што ја води, а за соработката со невладината „Меѓународен сојуз”  наведе дека била според закон. – Договорот меѓу ,,Меѓународен сојуз” и ,,Пелистер” не го сметавме како авторски. Данок беше платен […]