Приведени две лица од Струга, кај нив бил пронајден кокаин


Во населбата Плитишта во Струга, во текот на вчерашниот ден полициски службеници од полициската станица Струга ги лишиле од слобода И.Р.(26) и Ј.К.(26), двајцата од Струга.

Како што информираат од МВР при преглед во патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, во кое биле двајцата, бил пронајден и одземен кокаин.

Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.