Приведен малолетник од Тетово, полицијата му пронашла марихуана


Полициски службеници од Тетово синоќа лишиле од слобода малолетник од Требош откако кај него пронашле марихуана.

МВР информира дека вчера, во 21.40 часот, на улица „Киро Ристевски Дрнц“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода 17-годишник од с. Требош, тетовско, затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.