Продолжува судењето за случајот „Двојник“


Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за петмина од обвинетите за случајот „Двојник“, за нелегално издавање пасоши на странски државјани. На првото рочиште за случајот, од првично обвинетите 11 лица, петмина признаа вина, а постапката беше раздвоена за обвинетата Наздрие Зековиќ, која од здравствени причини не беше присутна, а која […]

Струмичанка се обидела да замине во Базел, иако имала решение за самоизолација


СВР Струмица поднесе кривична пријава против Т.Р.(27) од с.Мокрино, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 16.04.2021, пријавената се обидела да патува на релација Скопје – Базел, иако била задолжена да остане во својот дом и да го почитува решението од Државен санитарен […]

Судењето за „Меѓународен сојуз“ продолжува на 19 мај


Судењето за невладината организација „Меѓународен сојуз”, каде заедно со основачот Бојан Јовановски, обвинети се уште четири лица, продолжува на 19 мај откако на денешното рочиште беа изведени материјални докази предложени од одбраната. За следното рочиште одбраната треба да ги обезбеди останатите предложени писмени докази, а ќе бидат повикани и сведоците Нина Старделова, Стефан Богоев и […]

Се изведуваат докази на судењето за „Меѓународен сојуз“


Со изведување на материјални докази предложени од одбраната денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжува судењето за невладината организација „Меѓународен сојуз”, каде заедно со основачот Бојан Јовановски, обвинети се уште четири лица. Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Софче Гаврилова Ефремовска, а застапник на обвинението е Ивана Трајчевска. Во однос […]

Измамена кумановка, платила 810 евра за наводен паричен надоместок


 Кумановка пријавила во полицијата дека била измамена, платила 810 евра на скопјанец кој ѝ се понудил да ѝ обезбеди наводен паричен надоместок од државата, соопшти денеска, СВР Куманово. 48 годишната жена вчера го пријавила случајот во кумановската полиција. – Според пријавеното, на крајот на април 2021 година лицето и се јавило и ѝ понудило да ѝ помогне, односно да ѝ обезбеди паричен надомест од […]

Без вода дел од жителите на населба Козле


Дел од жителите на населба Козле денеска ќе останат без вода за пиење. -Поради дефект на шибер од ф 100мм на ул. „Миле Попјорданов“ бб (позади Хотел „Гранит“) населба Козле, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на ул. „Миле Попјорданов“ кула 40 ,42, 45. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11.30 часот до завршување со активностите, стои […]

Велосипедист и жена на електричен тротинет настрадаа во две одделни сообраќајки


  Во две одделни сообраќајни незгоди настрадаа велосипедист и возач на електричен тротинет во Скопје. Имено, во вторникот, во 13 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Љубљанска“ во Скопје, патничко возило „тојота“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.К.(33) од Скопје, удрило во велосипед, управуван од Ф.Н.(51) од Скопје. Во незгодата, велосипедистот се […]

Полицискиот час изминатото деноноќие го прекршиле 41 лице, за неносење маска 401 казнети


Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, полицискиот час не го почитувале 41 лице додека пак за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 401 прекршок. Од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата.

Обвинителен акт против екс- претседателот на ДИК и уште четири лица за набавката за софтверот


По спроведена сеопфатна истражна постапка, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе Обвинителен акт против поранешниот претседател на Државната изборна комисија, тројца вработени во ДИК и еден управител на економски оператор. Обвинетите се товарат дека кривичното дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ од член 353 став 5 од Кривичниот законик […]

Приведен крадец од Куманово


Вчера, во 6 часот утрото,  полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Т.(30) од Куманово затоа што ден претходно, околу 23.25 часот со употреба на сила влегол во продавница на улица „Ѓорче Петров“ во Куманово и одзел пари од дневниот промет. Врз основа на судска наредба бил извршен претрес во домот на М.Т., […]

Забраната за движење ја прекршиле 53 лица, 384 санкционирани за неносење маска


 Во периодот од 21 часот вчера до 5 часот утринава 53 лица не ја почитувале забраната за движење, информира Министерството за внатрешни работи. Во текот на изминатото деноноќие, пак, регистрирани се 384 прекршоци за неносење заштитна маска на лице  на територијата на државата. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од […]

Избоден кумановец, а било пукано и со оружје


Едно лице со убодна рана било пренесено во кумановската болница викендов, а во врска со истиот инцидент било пукано и со огнено оружје. – На 02.05.2021 во 23.25 часот во СВР Куманово, Е.Ј. од Куманово пријавил дека на ул.„Благој Илиев – Гуне“ имало инцидент во кој учествувал и неговиот брат Е.Ј., при што Б.И.(34) од […]

Повреди на главата констатирани кај жената која утрово беше пронајдена мртва во близина на Охрид


Лекарот од екипата на Службата за итна медицинска помош од Охрид што вршел увид на местото каде утрово беше пронајдено беживотно тело на женско лице констатирал телесни повреди врз главата. Според информациите од СВР-Охрид, утрово во 8:20 часот С.Д. пријавил дека во куќа во близина на болницата „Св. Еразмо“ во Охрид ја пронашол почината М.М. […]

Безживотно тело пронајдено на стариот пат Охрид – Струга


Безживотно тело на женско лице е пронајдено денеска во близина на викенд-куќа крај стариот пат што води од Охрид кон Струга. Првичните непотврдени информации укажуваат дека се работи за женско лице на возраст од триесеттина години, а телото е пронајдено на потегот спроти Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“. Екипа на крим-техника на […]

МВР: 49 прекршувања на забраната за движење, 260 санкции за неносење маска


Забраната за движење од 21:00 часот вчера до 05:00 часот денеска не ја почитувале 49 лица, додека во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 260 прекршоци, информираат од Министерството за внатрешни работи. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките […]

Армијата прати 20 војници за гаснење на шумскиот пожар кај Галичник, откако се повлече хеликоптерот


Центарот за управување со кризи (ЦУК), вечерва,  информира дека Армијата пратила 20 војници за гаснење на шумскиот пожар над селото Галичник, по повлекувањето на хеликоптерот заради силниот ветер. Конкретно, денеска Армијата прати хеликоптер за гаснење на пожарот над селото Галичник, но заради лошите и небезбедни прилики за дејство – силен ветер, го приземји, а на […]

Пожарот над село Галичник ставен под контрола, нема опасност за имотите и куќите


Вечерва во селото Галичник ќе престојува специјалната единица на Армијата, кои ќе бидат присутни доколку состојбата со оганот кој тлее избувне повторно и се појави потреба од интервеницја. Пожарот над село Галичник ставен под контрола, нема опасност за имотите и куќите Пожарот кој попладнево избувна над селото Галичник е под контрола, наведуваат во фејсбук објава […]

Запалени два автомобила во Кочани


  Вчера попладне во Кочани, на ул.„Стамен Манов“, биле опожарени два автомобила „бе-ем-ве“ со кочански регистарски ознаки. Притоа, делумно било оштетено и возило “мерцедес“. Извршен е увид и се работи на расчистување на случајот.

Малолетничка од Скопје удрила со автомобил 21-годишна битолчанка и избегала


Вчера во 21:00 часот било пријавено дека во автокампот Крани-Ресен патничко моторно возило “фолксваген“ со ресенски регистарски ознаки управувано од непознат возач удрило во пешакот А. К. (21) од Битола, како и во две паркирани возила и канделабра, по што го напуштилo местото на настанот. Во незгодата А. К. се здобила со тешки телесни повреди. […]

Експлозија на улица во Скопје, оштетени стакла на неколку дуќани


На улица „Методија Митевски“ во Скопје денеска изутрина експлодирала експлозивна направа. Повредени лица нема, а од експлозијата биле оштетени стаклата на неколку дуќани. – На 02.05.2021 во 4 часот било пријавено дека во Скопје, на улица „Методија Митевски“, со експлозивна направа биле оштетени стакла од неколку дуќани. Повредени лица нема. Се работи на расчистување на […]