Си префрлила 500.000 денари на трансакциска од туѓа сметка


СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.С.(39) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“.

Во текот на октомври и ноември, пријавената во повеќе наврати од мобилиниот телефон на оштетениот Џ.Н., со помош на мобилна апликација, префрлила 518.000 денари на нејзината трансакциска сметка, со што се стекнала со противправна имотна корист.