Приведен скопјанец баран за убиство


Полициски службеници од ЕВР Ѓорче Петров денеска го приведоа Г.С. од Скопје, кој се барал со потерница од Основното јавно обвинителство Скопје поради сторено кривично дело „убиство“ од чл. 123 ст.2 т.5 од Кривичниот законик.

Како што соопшти МВР, лицето е предадено во Затвор Скопје.