Фатено момче од Крива Паланка, што крадело во населбата Илинден


Во четвртокот, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба го лишиле од слобода Н.В.(21) од Крива Паланка, поради сомнение дека на 1 ноември годинава извршил тешка кражба во куќа во населба Илинден – Скопје. 

Н.В. бил приведен во полициска станица, со него  бил извршен разговор и, во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.