Уапсен Александар Лазаров, кој избега од Полициската станица во Кочани


Полициски службеници од СВР Скопје – Одделение за потраги, вчера го привеле 41-годишниот Александар Лазаров од Кочани, по претходно добиени оперативни информации. За Лазаров, како што соопшти МВР, беше распишана централна и меѓународна потерница по барање на Основниот суд во Кочани за сторено кривично дело по член 215 став 1 од Кривичниот законик Лазаров претходно […]

Ќе се направи психијатриско вештачење на синот кој со 30 убоди го уби својот татко


Против триесетгодишникот кој со 30 убоди го усмрти сопствениот татко е отворена истрага за кривично дело убиство – информираат од ОЈО. „Осомничениот 30 – годишник, на 12 јули, со умисла го лишил од живот својот татко. Откако во домот дошло до расправија и физички напад меѓу таткото и мајката на осомничениот, синот зел нож и […]

Македонец обвинет во Загреб: Се преправал дека е лекар и измамил шест лица за 41.000 евра


Општинското кривично државно обвинителство во Загреб поднесе обвинение против 58-годишен државјанин на Северна Македонија, кој е обвинет дека лажно претставувајќи се како лекар, измамил шест лица за вкупен износ од 41.400 евра. Ова е продолжение на случајот што го објави државното обвинителство (ДОРХ) на 24 април оваа година, пренесува Индекс.хр. Според обвинението, обвинетиот ги извршил […]

„Летал“ со 205 км/ч на автопатот кај Гевгелија – приведен црногорски државјанин


Црногорски државјанин е лишен од слобода откако на автопатот А1 кај селото Милетково, гевгелиско, управувал автомобил со брзина од 205 километри на час, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според МВР, на 13 јули во 11:09 часот, полициски службеници од ОВР Гевгелија при контрола на сообраќајот со радар утврдиле дека Д.Б. (36) од Црна Гора управувал […]

Македонец се обидел да убие Србин на брод во Медулин со нож. Уапсен е


Полицијата во Пула привела 54-годишен државјанин на Северна Македонија осомничен за обид за убиство на 48-годишен државјанин на Србија. Според нив, нападот со нож се случил во понеделник во раните утрински часови на брод во Медулин. Според полицискиот извештај, мажот е осомничен дека зел нож и го замавнал кон главата и стомакот на 48-годишникот на […]

Финансиска полиција поднесе кривична пријава против три физички и едно правно лице за затајување данок


Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против три физички лица, управители и сопственици на едно правно лице, како и против самото правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Даночно затајување“ од член 279 од Кривичниот законик. Како што се наведува во соопштението на Финаниска полиција […]

Кривична за трите девојки од Куманово кои претепаа и снимаа девојка, на која ѝ се заканиле да молчи


Според информациите од МВР, СВР Куманово поднело кривична пријава против П.А. (18) од селото Лојане, општина Липково, како и против две малолетнички на возраст од 14 и 15 години од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека го сториле кривичното дело „насилство“ по член 386 став 3 од Кривичниот законик. Истрагата покажала дека на 13 […]

Повторно врсничко насилство снимено и објавено на социјалните мрежи, овојпат во Куманово


Основното јавно обвинителство и СВР Куманово преземаат интензивни мерки за расчистување на нов случај на врсничко насилство, откако денеска на социјалните мрежи се прошири вознемирувачка видеоснимка на која се гледа физички напад врз девојче. Според првичните информации, настанот се случил пред околу четири месеци, но до денеска воопшто не бил пријавен во надлежните институции, објави […]

Распишана потерница за Александар Лазаров – Цуната што им избега на полицајците низ прозорец


Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 41-годишниот Александар Лазаров викан „Цуната“, кој што им избега на полициските службеници викендов додека беше на распит во ПС Кочани, во врска со кривично дело неовластено производство, преработка, продажба на дрога. Тој го отворил прозорецот и се дал во бегство и уште не е пронајден. Министерството за внатрешни работи […]

Распишана меѓународна потерница по кочанецот кој избега од полициска станица


Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 41-годишниот Александар Лазаров од Кочани, кој неодамна избега од Полициската станица во Кочани. Како што соопшти МВР, потерницата е распишана по барање на Основниот суд во Кочани. Лазаров се бара по централна и меѓународна потерница за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги“ по член 215 […]

Во сообраќајка кај Штип повредени 14 и 12 – годишник што возеле мотор


Двајца малолетници се повредени во сообраќајна несреќа во штипско вчера попладне. Се превзеувале со мопед без регистрација и се судриле со возило.  – На 12.07.2026 во 13:15 часот во СВР Штип е пријавено дека на локалниот пат Штип-село Шашаварлија, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“ со штипски регистарски ознаки, управувано од О.В.(50) од […]

Скопјанец го убил таткото, кој пијан ја нападнал мајка му


Приведен е скопјанец, кој со нож го убил својот татко, соопштија утрово од Министерството за внатрешни работи. – Синоќа околу 23 часот во Скопје, на територија на ПС – Бит Пазар, полициски службеници го лишија од слобода Б.Џ., 31-годишен скопјанец, затоа што, според пријавеното, со нож му нанел убодни рани на својот татко Е.Л., 52-годишен […]

МВР објави па избриша фотографија направена со ВИ


Министерството за внатрешни работи ја избриша фотографијата што ја објави на Фејсбук за пронаоѓањето на романскиот државјанин на Матка. Првичната фотографија отвори сомнеж дека е направена со вештачка интелигенција, а доказ за тоа е раката поставена на ранецот на спасеното лице која не може да се поврзе со ниту еден од полициските службеници.  Она што […]

Тинејџер избол со нож 14-годишно момче во Сарај


Вознемирувачки инцидент се случил вчера меѓу тинејџери, овојпат во скопското село Сарај. Шеснаесетгодишно момче е уапсено откако со нож избодело две години помало момче, соопшти Министерството за внатрешни работи. „На 11.07.2026 во СВР Скопје е пријавено дека околу 15:00 часот пред угостителски објект во с.Сарај, скопско по претходна расправија бил нарушен јавниот ред и мир […]

Тројца планинари спасени на Шар Планина, едниот заврши во болница


Спасени се тројца планинари откако останале заглавени на тежок и непристапен терен на Шар Планина, во близина на местото „Три води“, во атарот на село Теарце, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Еден од нив, 38-годишниот А.Ч. од село Жеровјане, поради влошена здравствена состојба е пренесен во Клиничката болница во Тетово. Преку Единствениот повикувачки […]

Граната тешка 13,6 килограми отстранета од плажа на Дојранското Езеро


Пиротехничарот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Зоран Пејев, безбедно отстрани неексплодирана артилериска граната со калибар од 100 мм, тешка 13,6 килограми, на брегот на Дојранското Езеро. Гранатата потекнува од Првата светска војна, наменета е за ,,хаубица” М14 а вакви неексплодирани убојни средства најчесто се пронаоѓаат во Дојранскиот, Гевгелискиот, Битолскиот и Охридскиот регион. Пред […]

Словенец уапсен во Прилеп: Го симнал општинското знаме и го запалил


Полициски службеници од ОВР Прилеп ноќеска лишиле од слобода 43-годишен државјанин на Словенија. Како што информираат од МВР, 43-годишниот Словенец го симнал и го запалил знамето на Општина Прилеп. Од МВР додаваат дека инцидентот се случил во 01:05 часот пред зградата на Општина Прилеп. „На 11.07.2026 во 01:05 часот полициски службеници од ОВР Прилеп пред општинската зграда […]

Почина градежен работник по пад од објект во Гази Баба на кој работел


Вчера околу 14:05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Гази Баба при изведување на градежни работи на објект во изградба паднал од висина И.И.(52) од Куманово, се наведува во полицискиот билтен. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт. Излезено е на местото на настанот од полициски службеници […]

Двајца припадници на „Беланоца“ уапсени во Драч (видео)


Врз основа на информација од Македонската полиција, во Драч, Р.Албанија спроведена е меѓународна полициска операција во која лишени од слобода се М.Џ.(26), роден во Скопје и С.Н.(34), роден во Норвешка, двајцата припадници на организираната криминална група „Беланоца“, за кои Интерпол има издадено меѓународни потерници за сторени кривични дела „убиство”, „убиство во обид”, „тешка телесна повреда”, […]

Обвинителот побара забрана за приближување на насилничките до жртвата по инцидентот во Аеродром


  Јавен обвинител од Одделението за малолетници при Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот судија за деца поднесе барање да се поведе подготвителна постапка против две 14-годишни девојчиња за кои постои основано сомнение дека извршиле дејствие кое со закон е предвидено како кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став […]