Распишана меѓународна потерница по кочанецот кој избега од полициска станица
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 41-годишниот Александар Лазаров од Кочани, кој неодамна избега од Полициската станица во Кочани.
Како што соопшти МВР, потерницата е распишана по барање на Основниот суд во Кочани. Лазаров се бара по централна и меѓународна потерница за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги“ по член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Полицијата ги повикува граѓаните доколку имаат информации за неговото движење или местоположба, веднаш да ги известат најблиската полициска станица или Министерството за внатрешни работи.